многудетен (прид.)
Обратно треба да се одбира од оние со и без деца - подобри се оние многудетните зашто се навикнати на бучава, викотници и кавги, па полесно ќе се прилагодат на тебе во твоите „блескави“ моменти, кога се „продераваш“ за нешто за кое само денес си убедена дека е така, а веќе утре не се ни сеќаваш што била темата, поентата и поводот, а за причината ич да не правиме муабет.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Тој дојде, само со куп книги и многудетно семејство во овој непознат град, оставајќи го огништето, своите, крај бреговите на едно чудесно езеро.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Можам да манијачам по ФБ и да видам дали е мажена или не, многудетна или не и, ако виси на компјутер по цел ден, можам да погодам со прецизност 50-50 дека или е невработена или во „државно“ работи.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)