молк (м.)

- Молк! Тишина! Сите ќе ве пријавам на рапорт! Тишина!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Молк. Вигната замолкна. Исчекување. Издив на страв...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Судијата го прекина тој молк.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Оксиморонот држен со цврста поетска рака, се откинува преведувајќи ја песната од брегот на вресокот на брегот на молкот, од вокалот до белинката меѓу зборовите.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
1. Не гасне светлината на тој гласот да го запрета свој во молк што треба пред големото зло од друго зло што иде во мугрите на виделото Тоа што сенката од нив да му ја изгони сака Сега е веќе мигот да се замине што повикува со стариот копнеж на битието во трепетот на крвта Будната роса на челото светлината на утрото ја позема пат правејќи низ мракот Вика гороцветот со муграта во пазувите
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Крик на ѕвер или на темна гора е овој неподнослив молк што нѐ враќа во пенливиот мирис на животот минат во долг ходник за чекање со горчлива сол што ни тече низ мислата низ вените низ изметот.
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Немам разбирање за тие, кои сѐ уште не го скршија од усните печатот на молкот и јавно и отворено не признаа и не покажаа со прст на виновникот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Не молкот, ами душата и духот владеат со нејзините мисли и со чувствата на сите и кај сите одделно истиснува спомени, сакања и присакувања и така занесени го забораваат барем за миг болното стегање во стомакот, влагата и студенилото, печењето на плускавците, болките во нозете и рамењата и неотстапната потреба да се наспијат...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И така уште буден лежам принуден в молкот да се слеам (Ноќва од чудни плодој тежи што не ме пуштаат да пеам) Селата сами в ридје спијат сред сева блага страшна тихост (Крени во себе палав вихор по ѕвоната да бијат бијат)
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Светот на Мајкиниот молк се разликуваше од Татковиот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Утредента во куќата владееше молк како на парастос.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во земјанката молк. Сал прскање на искри се слуша и дишење долго што распарува гради.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Од другата страна на жицата имаше молк.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Те затворив во молк, во својот молк, а еве пак си ми тука како студен кладенец како свежа капачка в треви.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Налактени и со брадите втиснати во вкрстените дланки, замислени скитаат и дали сега, совладани со молкот, одново во мислите ги обновуваат изодените патеки, дали го одмотуваат клопчето на својата младост одмината во времето – невреме што се истркала низ големата удолница на чие дно се разбија и запустија големите надежи?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Го слушам јас тој молк твој што коле, тие нежни раце твои што ме угушуваат в раце ги чувам и чинам тих некој призвук тивја в мене да ме успие на твојата снага на твоето голо тело.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Го сети ти тој молк твој што те закла таа добрина твоја што те мами дека не ќе те израсне и снебиден ти за туѓи очи веќе, заспи над ова голо тело Молчи Тивја патот долг.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
По патот што го отвораше зборот во сива небиднина Се рони веќе молкот бигорот набран в грло од око нечекано од кое блескал биљурот благ на љубовта Некогаш Се развева во разденот чемерот на осамата погледот дури се извива над мрачната шума на бидноста Свртено сѐ е веќе кон небесната роса на виделото
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Прашањето потона во очите, се закова на усните и пак настана молк.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кој го фрли проклетството на молкот?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Повеќе