моментално прил.

моментално (прил.)

Таа моментално истрпна и се уплаши да не врви некој по улицата да ја види, но во мракот и да врвеше некој, немаше да познае дали е таа или мајка ѝ.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Беа во дневната соба на нејзиниот стан и ментално се приготвуваа да излезат да заакаат некаде по Манастираки.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во мислата да се вратам повторно во Кочани на годишен одмор моментално ме предомисли другарка ми Ило.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Фабриката за шеќер денес е акционерско друштво во приватна сопственост на странски газди од соседството, кое делува во рамките на прехранбената индустрија и моментално брои околу 150 вработени.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Сепак, тоа што моментално го имав во животот ми беше некаков успех, тргнувајќи од фактот дека сум дошла од провинција во источниот дел од земјава, каде што птиците заборавиле да пеат кога летаат.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Целата оваа реалност е наметнато, екранизирано платно на сиви сенки, кукли од партали, гротескна претстава на сурогати, црно бели копии без идентитети кои моментално атрофираат ако врз нив истурите шолја црно кафе.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ти си ментално растроен. Ти страдаш од неправилна меморија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сепак, беше многу тешко да не се покаже моментално изненадување, зашто за две или три секунди во кои ѝ помагаше да стане, девојката му тутна нешто во раката.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но и во животот, не само во книгите, Набоков многумина одби од себе со пакосните примедби на сметка на моментално модерните интелектуални текови...
„МАРГИНА бр. 2“ (1994)
Извештаченоста никаде не проаѓа добро. Можеби само моментално.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
За мнозина од нас многу е лесно да се занемари или површно да се појми страв, страдање или начинот на кој психичката болка го мачи ментално заболеното лице.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Ненавикнат таа да го гледа, нејзиниот поглед го уплаши, така што моментално ја заврте главата налево, небаре коњска мува го касна.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сестра ми, која е сериозно ментално болна, ми избега и досега ја барав.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но само со ментално здрава емоција сме способни за слободен избор.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Во нашата лабораторија моментално дреме еден малецок Хулк, сѐ уште во шишенце, го вкрстуваме со чудесновишниот мочуришен октопод- капиталец што испушта (ко одбрана) огромни количества на отровно мастило.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Кризата за слатка вода, според тврдењето на бугарските експерти, отпочнува да се чувствува и во Бугарија, моментно не во толку остра форма, но сепак е даден знак за тревога.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Моментално вентилирам раздвижувајќи ја енергијата околу мене. Дефинитивно решив дека веќе нема да водам војна со моите желби и задоволства.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Неадекватна за местото во кое моментално се наоѓав).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
И уште кога завивањето ќе се прошири од ќерка на мајка, па како зараза ќе премине на тетка, вујна, золва, балдска, јатрва, баба и внука... отиде јабана сиот лицемерен малограѓански морал, паѓа моментално сета ригидна патријахалност, пука по рабови цела феудална нетолеранција, тоне туто-комплето конзервативната Америка "ко метак надоле", што би рекол чичко Фазли!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Во рамките на друштвото работеа 22 работници, додека денес има само 1 вработен и истото моментално функционира лимитирано – само заради наплата на долговите од своите корисници.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Повеќе