мотивира (св. и несв.)
Замислете го за момент вашиот живот без вашите најблиски, без луѓето за кои живеете, луѓето кои ви ја исполнуваат душата со благосостојба, кои ве мотивираат, кои ве инспирираат, кои се причина за постоењето на вашиот мал космос.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Можеме да завршиме со враќање на прашањето за тоа што ги мотивира новите напади врз компјутерската метафора.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
И оваа трансгресија ќе ја зајакне неговата неодолива импулсивност, речиси истата онаа која ќе ја мотивира неговата мајка да го преземе фаталното патување во родната земја и која ќе биде принудена да го скрати.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Ваквата супституција на фонетските значења е мотивирана со тенденцијата за зачувување на парадигматиката на системот-прототип во новиот систем, и тоа, за да се дојде до изоморфна репродукција на бројната вредност, изразена низ букви.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Но, не успеав само јас: Гаврил е во Мајкрософт, вредно работи и чекор по чекор оди кон врвот, а Матеј работи како познат стручњак во Cancer центарот во Мичиген, твојата болест го мотивираше да истражува и да им помага на луѓето болни од оваа тешка болест.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Исконските пориви, инаетот, сомничавоста, подлоста, интригите, се дел од средината која регресира на уште пониско ниво на психологијата на малата, селска заедница која како да ја мотивираат само поривите на борба за самоодржување.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Најголем број од работниците беа мотивирани за работа, бидејќи имаше можност за унапредување, а вработените меѓу себе се почитуваа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Пареата, измаглицата - прикаска за заспивање
Нас, меѓутоа, нѐ мотивира.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Мајка и за нив остануваше последниот столб на куќата, мотивирајќи ја така својата упорност, додека е жива, да не го затвора Татковиот дом.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Овие забелешки откриваат длабочина на чувството за кое ние се сомневаме дека мотивира голем дел од негативните реакции кон AI идејата за умот како компјутер, што се покажува вознемирувачко за многумина кои се сосема помирени со нотацијата на телото како биохемиски механизам.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Четвртиот играч добиваше добри, победнички карти, но концентрацијата не му беше мотивирана и тој играше безволно.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Без таа фундаментална вера во круцијалното значење на тие разлики засновани врз идентитетот, општествените движења не би биле во состојба да ги мотивираат поединците и да го поддржат нивното учествување и жртва.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)