мрака (ж.)
Над градот е омарнина, по кеот мрака паднала, преку мост тропат копита, а Вардар лудо забрзал, галеби бели покренал а в соба тесна таванска Панче со млади студенти лист по лист вртат зборници.
„Робии“
од Венко Марковски
(1942)
7. О иде иде слушате ли иде песната таа крупноока желба За мене иде во час ненаспан и за вас иде што спиете морни И пее пее со илјада гласои низ мракот пее за денот ви пее О мугро бела бели посестрими цветови млади во темнава мрака доаѓате ми дојдовте и сега рацете ми се куси да ве стасам И веќе јурам зборот да го најдам за да ја речам да ја изболам тагата на ноќите без сон и радоста што толку ви ја сонев
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
Отпатувај ако ти е мака, ако чекаш - отпатувај пак, Возот - патник во ноќната мрака ќе расфрла нов и светол траг.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)
Возот патник во ноќната мрака до небето расфрлува траг.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)
9. Се гласи ноќната шума и попусто вика да запреш ти не слушаш ни каменот го гледаш ни повејот што јакне не слушаш те мами сал ноќта и тие светлината в сон што им иде дур попусто некој те вика и чекорот твој свиден ти не слушаш Час е неречената песна ѕвездите кога ги виши во штамата на светот и притаената мрака што сака под тие светила скришни да ти го згасне летот ти не слушаш Истрел ги собори ѕвездите Самотнику дали го чу И како да го чуеш во итањето во тоа итање убаво на усните со зборот што ги раскрева урнатините на ноќта и во заборав ја истава црната стија на биднината Радост на итањето твое по ранетите лисја по премалениот шум сал муграта твоја ја знае и истрелот само ја чу
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)