мрзоволен (прид.)
Боги, чие име би требало да произлегува од прекарот на прочуениот Хемфри Богарт, беше, како впрочем и неговиот газда, молчаливо, мрзоволно суштество.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
И на таа страна лежело проклетство: се јавувала непозната птица со глас на човечка закана, ги морничавела мрзоволни и бушави, брадосани, слични на духови што можеби живеат под гнили корења.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)