мрцка (несв.)
Го мрцкаат носот во танките чорби, ги оближуваат лажиците и само ждригаат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Петровден беше поминат, а само до Петровден не ги оставав да влегуваат во вода. Да се мрцкаат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Јас носам ладна вода: му ги мрцкам прстите, му ги жулам, му ги тријам и прстите и вратот и ушите.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Се мрцкаш и слушаш: - Јас ѝ велам јариче, таа ми вели кукурек, а јас ѝ велам потполошка и синоличка и перуника и божурика и змијско грозје, а таа ми вели: змија да те касне, здрав да не си!
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Седиме така покрај реката со Ристета, ги мрцкаме нозете.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)