мудар прид.

мудар (прид.)

Имаа дарба работите да ги видат од сите страни, мудри беа при донесување на било какви одлуки!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Но што да правиме кога на луѓето им е во крвта да се бават и со мудростите онака неодговорно како што го прават тоа и со глупоста!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Посакувам да ти ветам бесрамнику Штом студен здив твој сетам Секој мој стих повикува на двобој Мунковски испиен блед лику И ќе го вплетам во тебе знај Ко игла со која Дервишот Ја докажува моќта на потсвеста Гласно во овој миг велам – Иш Искреноста е мудрата сестра Направи трик – исчезни Да го почнеме од почеток нашиот крај 2007
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
А мудра помиреност не е исто што и понизна потчинетост.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
На крајот на дебатата за кабалистите тој сакаше да го каже својот заклучок: За кабалистот, за да се следи патот на мудроста, единствениот начин е да се мине достоинствено патот на животот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Веројатно овие атмосферски околности беа причината мудриот научен свет да се определи за свежината што ја нудеше мирната вода на Езерото место да се упати кон салата без разладни уреди.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Метафората на жртвувањето ја презема судбината на Балканот каде насилството и бесмислениот волунтаризам ја заменуваат мудроста на народите...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Храброста во младоста можеби станува мудрост во староста.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Мудрите луѓе од нашата фамилија тврдат дека стрико ми Ото не влијаел којзнае колку добро врз мене.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Нашите мудри мисли и гласна смеа се прелеваат преку балконските саксии, па преку тивките покриви се спуштаат до долгиот булевар Вилшир, фаќаат кривина кај палмите и продолжуваат надесно кон блискиот океан, каде што умираат во бучните води на намќорот Пацифик.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Тие мудри суштества кои молкум лазат покрај нашите нозе, така незабележливо, се трудат да опстојат во сенката на стопанот што го одбрале...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Се сетив на мудроста за која и не знаев на кого му припаѓа иако ја имав веќе забележано во моите белешки. Тоа што го прави нечистивиот не прави го и ти!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Точно вака гласеше мудроста што ми се откачи, и тоа во миг на невнимание.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кој беше мудар лапна два стана другите вредно работеа на брана фативме дијабет од премногу мед за млеко се чекаше со саати в ред
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Сега му се одолжувале на покојникот за прикаските со кои ги обогатувал во Кукулино во претпразничните ноќи или во празничните попладниња и брзале да бидат мудри како што бил тој некогаш.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Нејзиното приближување ги ослободуваше неговите поданички навики, правејќи ги безвредни претпазливоста и мудроста.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Постојано сакаше да биде во движење, да подработува нешто или да шета или да ги движи мислите со мудрости што ги имаше донесено со себе од светот; и пиеше само вода што се движи; никогаш не пиеше вода што стои: од бунар, од вир, од локва и колку таа да беше чиста.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Поза Додека месечината од мракот парампарче прави во нас несвесното е распослано како освојувачот пред Рим кајшто сите патишта водат тој што во тебе бара сличности со историски ликови фрески соѕвездија твој домородец е варварин биди испади го биди на оваа гозба нема ни мудрости ни шлаканици ќе се сликаме голи и гладни додека ги јадеме животот и лебот на љубовта и за твојот и за нивниот мирен сон.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Се говореше, но тоа беа само гласини за кои во ниедна книга потврда верна не можеше да се најде, дека тој запис е во некаква врска со поетот и царот мудар Јудејски, Соломон, за кого и Писмото Свето говори со слава и почест.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Беше јасно, но тоа подоцна го осознавав дека ми недостигаа татковите мудри совети, да патувам или не!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Повеќе