мускулест прид.

мускулест (прид.)

Тоа беше човек од околу триесет години, со мускулест врат и со голема подвижна уста.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
За миг изгледаше дека двата мускулести колка ќе му ја сомелат утробата во каша, а потоа се проби, малку испотен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Свиркаше нешто тихо и ги ширеше рамениците во мракот чувствувајќи се страшно мускулест.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Наскоро во гужвата исчезнува и мирисот на нејзините мускулести потколеници. Караванот врви, а тој не лае.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
По недовршената врвица по која лете се движеле помеѓу капини и камења нечии овци кон пасишта или поило, се враќал со младо стебло на рамо и со секира в рака стопанот на скршената кола, здрав и мускулест човек, селскиот качар Никифор Ганевски, инаку домазет во Кукулино, со муцка која, колку и да се гледа, не останува во сеќавање ни половина ден.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На раст беше низок, но мускулест и подвижен како верверица.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Мускулестата жена со црвените раце што Винстон ја беше видел при својата прва посета, беше речиси инвентар во дворот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Јунското сонце беше сѐ уште високо на небото и долу во дворот исполнет со сончева светлина една огромна жена, цврста како нормандски столб, со мускулести црвени раце и со мокро утаре врзана околу половината, тупкаше горе-долу помеѓу едно корито и жицата за сушење алишта, простирајќи мноштво бели платнени квадрати во кои Винстон препозна бебешки пелени.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој расправаше, покажувајќи ги своите мускулести раце, дека редел по седумдесет кубика дрва на ден.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На соседната маса до мене седат тројца:а) возен кондуктер без две петлици на блузата, б) Човек под француско капче млад и мускулест, без определено занимање, во ломбак со црни раце од моторно масло, од нафта, од нешто што е белег на занаетот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Тој мој пријател беше дете во своето восхитување од ножот со седефена дршка и од моите мускулести раце.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Љубовниците... Ги имаше куп, дури еден фудбалер меѓу нив, мускулест голман со кој трчаше по топката на тревникот пред куќа.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Навидум, имаа прво: широките стапала со кои самоуверено го грабаше потчинетиот простор, премногу здравата, волчја отпорност на блескавата насмевка, малите, цврсти гради што во четвртата деценија ѝ стоеја исправени како штотуку распупена девојка, таа мускулеста едрост на целото тело кое на нејзините платна со паганска надмоќ лебдееше над урнатините на згаснатите светилишта, пламените кадрици со по некое седаво влакно, што се извиваа околу лицето како змиолики фалуси – имаше невообичајан „машка“ сила за една пост-симболистичка сликарка.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Колку е лесно, помисли Винстон, да не гледаш околу себе и да поверуваш дека физичкиот тип утврден од Партијата како идеал - високи мускулести младичи и бујни девојки, русокоси, витални, изгорени од сонце, безгрижни - не само што постои, туку и преовладува.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Полека сфаќаше: неговиот подвиг во паркот со мускулестиот Мирон беше далечен, се забораваше, а двајцата мали сектанти бараа докази за својата вера.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
- Еве ја, позадинска вошко, мојата револуција и сите брадести, мускулести и ќоси големци !
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Беше млада и јака, со мускулест врат, широки шепи и остри заби.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Ме повикува врсникот Неделко Шијак, пак шепотел со стиснати шепи на градите божем држи рабови на миросано платно со кое си ја штити душата од отровни повити, но Богоја Гулабарин, Пане Долгманов, Цветко Грнар и Илчо Просинек, веќе се здоговориле ојуначени од ракија да ги здружат сурите волиња во две двоколки и пак во ново јунаштво се клештеле и се подбуцнувале со лакти превесели и за свадба; со сладосни гласови од кои и птици ќе се разбуделе го распрашувале старецот кога ќе се стрчне подмладен и избричен кон цицлестата Фиданка да ѝ го покаже мускулестиот стомак и сѐ друго што е машко на неговата ластареста става; им говорел со ѓаконска самоувереност - Ќе дојде потоп, господ ќе ме држи да не потонам а вие ќе пекате по мене и ќе ме молите ропски рачињата извалкани да ви се држат за учкуров, да ве влечам по бранови и пени.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Потен Циганин, со голи, мускулести гради, ми мафта со сабјата пред очи: - Прашај го, ќе ти кажи, за ситен динар нема да ти лажи!
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Винстон застана мирно пред телекранот, на кој се појави сликата на една помлада жена, усукана, но мускулеста, облечена во туника и со патики.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Повеќе