мустак (м.)

И кога се „дигна завесата", таа виде селани крај масата, со мустаќи, дури еден двајца беа со бели коси, а попчето, отунато во ретка црна брада и мали остри мустачиња, ни најмалку не личеше на Крстета.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Си се насмеа лисицата под мустак лакомо и си заспа мирно и задоволно.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Мачорот така цврсто спиеше та дури ни со мустак не мрдна.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Има смешен мустак и постојано е со цигара во уста.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ѓузепе носеше бакенбарди и долги мустаци и кратко потстрижена коса, а природата беше го нагрдила и со црвена коса, и целата глава изгледаше како црвена маска на велики поклади.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се насмеа под мустак и дрмна огромна голтка од бучкуруш виното Смрдевка.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Почука на дрвената порта. Излезе средовечен човек со црни мустачиња.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
И уште повеќе се ражалостило зашто разбрало дека не ќе има со што да си ја брише устата и мустаките. И жално, прежално заплакало.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Михајло чекаше со мустачињата накострешени и со очи кои не можеше сосема да ги насрчи напред, зашто му гледаа едноводруго под ниското чело.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Скастреното мустаче на татенцето му светна, му се позлати.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Го чул говорот на Сотира и, место да оди во другиот дуќан, застанал однадвор на пенџера, со мустачињата напред и со забите стегнати под поткренатите бузи.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Да, сакаше да ми кажеш дека меѓу животот и смртта има само едно влакно, како ова од мустаќите (и ми скубна влакно од левиот мустак) или како она под мадињата (и ме удри со коленото меѓу ципите).
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тој прикажуваше само едно огромно лице, широко повеќе од еден метар: лицето на еден човек од околу четириесет и пет години, со тежок црн мустак и со грдо убави црти.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кадијата се намурти, ја наведе главата, си ја помазна брадата, почна да си го поткаснува десниот мустак и зашета низ одајата, очигледно растревожен за неуспехот на неговите луѓе.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Веднаш го препознавме шефот на некогашната пописна комисија, човекот од полицијата, со кожена виндјакна, сега со поиздолжени мустаци, па малку ни лекна.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Еден многу стар човек, подгрбавен но подвижен, со бели мустаци што стрчеа напред како на рак, ја турна подвижната врата и влезе внатре.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И тој се изненади: - Јас мислев питачи идат, а тоа наши луѓе дошле, - рече тетин Доне врзан со пороже околу појасот преку ќурдијата, и со истата онаа донесена паларија што ја имал од времето, со мустаци чии влакна секогаш стоеја наежено.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
На пример оној извик на манеќенот со мустаки: Величковски, каде се изгуби Росана?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Кој би можел да ги спои неговата расприкажана, полничка личност, мустачињата а ла Клерк Гебл и љубовта кон шарените вратоврски и цицлести жени со неговиот минималистички уреден ергенски апартман: црно-бели театарски фотографии, три старински фотелји, а плакарите со стотици костуми и вратоврски и креветот вовлечен, камуфлиран во ѕидот, незабележливи како и музичката кутија, што ја сокриваат листовите на големиот фикус во аголот на собата.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Шеретски ме погледна дедо, се потсмевна под мустак и продолжи: - Така де, во книгата не пишува така, ама со умот треба да си кажуваш.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Повеќе