набљудувач (м.)
Можеби затоа не еднаш, и тоа последниве две години, обично ноќе, в кревет, пред да му се приближи сонот, тој ги претресуваше предностите, можностите, а и сите потешкотии што би можеле да произлезат од влегувањето во светот на привилегираните, па дури и како обичен статист, или поточно само како набљудувач.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
По ламаринените покриви се прелеваа светлите фатаморгани на сонцето, како треперливи бакарни светулки чиј отсјај создаваше илјадници сонца во очите на набљудувачот.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Задачите кои ги имале набљудувачите биле строго предодредени и никој не смеел ни за момент да го напушти местото.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Секоја приквечерина, сѐ повеќе набљудувачи се собираа околу дупката и ги кажуваа своите коментари, своите совети и предвидувања.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
89. На Мисирков секако му правело впечаток тоа што ТМОРО во своите основни акти имаше една „интернационалистичка” платформа, а во своите практични настапи им даваше повод на некои набљудувачи на движењето да ја сметаат како експонент на бугарските цели во Македонија, бидејќи го опфаќаше претежно егзархиското население, ги толерираше егзархиските цркви и училишта, а им се спротивставуваше на другите.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Набљудувачот субјективно ги чита и ги слуша зборовите, така што можеби дури и несвесно создава различни асоцијации.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Само таквиот малуброен слој на граѓанство, припиени до владеачките јасли, се напојуваа како сушни предели, останатите слоеви беа немоќни набљудувачи....
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Во животот неколкупати сум играл шах и сум бил искористуван пион, но во последно време решив да бидам само набљудувач од страна и воајерски да посматрам. Така се осеќам послободно.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Како мудар остроумен набљудувач, таа ги погоди вистинските зборови на вистинско место.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Мнозина теоретичари се сложиле дека во овие дихотомии постепено е воведуван поимот уживање којшто постепено ги расточувал, кој беше слепа дамка на поранешните сериозни анализи и кој ги воведе прашањата на желба, нагон, фантазија, афективно вложување на набљудувачот итн., и го менуваше тежиштето на критичката анализа од продукцијата кон консумацијата (како поим што го заменува дотогашниот повеќе неутрален: рецепција).
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Филмот открива една голема илузија на кружни движења и идеалистички желби, поттикнати и нерешливи од внатрешноста на набљудувачот, а сепак се негира додека ја навредува и умножува фрустрацијата на гледачот.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Тој впечаток толку брзо се менуваше што на набљудувачот не му останува време да изведе заклучок.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
И на тој, по малку перверзен начин, простите консументи на уметноста се претворија во уметници - свесно избрале дека не сакаат да бидат само пасивни набљудувачи, туку активни учесници во создавањето. превод: интелектуална кооператива Изрод 152 okno.mk
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
За мене беше неопходно да се остави простор за трансформирање на внатрешната енергија, и така јас морав да создадам однос помеѓу телото и искуството на набљудувачот како оној помеѓу масата на материјалот на скулптурата и празнината.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Низ неговиот живот како војаер минав, конечно и јас воајер (набљудувач), одамна лажно прекорен, на вистината станав.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
Грандиозното финале на филмот со стотици генијално искористени статисти, кадешто се користи возењето на една висока кран- камера која една по друга ни ги открива неколкуте сцени и неколкуте публики, е најдобар пример за претходно изреченото: вистински крај на низата од набљудувани- набљудувачи нема; и нашето око е само дел од таа низа.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Неговиот изглед на љубезен и бзделнички набљудувач кој полека го пуши своето луле во очигледно празното атеље, не можеше веќе да измамува: тоа не беше инерција туку спокојство.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Каде тангите им влегуваат во газовите (на набљудувачите).
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
Се обвини што одеше зад настаните, што беше единствената на која можеше да се потпре Рада, а таа како пасивен набљудувач не ѝ го поттури ни сопственото рамо.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Во тој дом самиот тој беше час актер, час набљудувач, час судија, час суден.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)