наваса (св.)
Ете, досега бегав од неа, а еве гледате и сами, навасав баш на магичниот поглед на кој не можам да одолеам.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Се спотнав дури го стасав дури го навасав уморено предаденото кротко во раката предавничка како изморено јагне како птица премалена та почнаа да паѓаат гранки и да се ронат лисја и сокот да се меша со солзите и потта слегувајќи удолу кон земјата кон дното на мојата болка врз која се најдовме во прегратка среде тревите изгазени од купиштата дрва обајцата искастрени без вршки и без гранки со пресечени снаги сложени во камари додека седалата летаа без своите птици без своите сенки без нашите плешки во бездната на воздухот откорната од незасита.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Мајка се растревожи, ја навасаа семожни мисли, за родата таму, за своите деца овде, за нивната иднина. Тешко можеше да се соземе.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Својот страв му го пренесуваше и на дедо, ама тој велеше дека ќе му мине ќефот по книгите на синот, штом ќе се ожени, дека ќе го навасаат тогаш други грижи и ќе запре со читањето.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Јанче долго молчеше со погледот закован во трпезата, разговараа тие тројцата сами, во гостинската одаја, а кога го управи на Дамческите, во нивните очи виде иста таква беспомошност каква што го имаше него навасано.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Вистина, тој е виновен што не смогна сили да ги надвладее пороците, попустите пред ѓаволот, пред суетата, пред гладта за љубов и признателност, ме урна и мене во провалија, но во овој случај, неправедно го навасала неволја.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Нели, мила бабо, Светиите Господови, Свети Илија и Свети Никола - ќе ни помогнат и овој пат добрината да ги наваса деветте кучки ламји?!
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Мајка запре со раскажувањето. Се сврте. Нејзе сигурно солзи ѝ навасаа.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)