надроби (св.)
А таа си живееше со малку, со сѐ помалку. Ќе си надробеше попара со млеко или со јогурт, ќе си направаше некаква непозната супа со секакви тревки кои ги купуваше од селанките на пазарот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Кога се качуваше по скалите, на чардакот кучката и куталето ја довршуваа попарата што ја беше надробила баба од манџата и лебот што не ги изеде даскалот.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Ајде, налево круг! Ја истурив манџата на катот и си надробив попара со шеќер.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
БОЖО: Браво. Помалку талентирани луѓе не успеваат да надробат ваква попара ни во три животи.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
(Има такви луѓе: ќе ти надробат поединости за чии последици и не помислуваат а дури потоа ќе те погледнат в очи.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Се прибра во колибата, стави малку маст во тавата, стави топла вода, во неа сол, па во таа топла, масна течност, го надроби како камен стврднатиот тричник.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Митра вели: „Може да не чинат за литургиа, токо пак надробете и со дедот поп за навора или клај му и во торбата, лека си касне, стар човек е“.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
- Целата десетина ја истера од земјанката и нареди по вакво време да копаат... A јас, пак, тогаш бев во соседната земјанка... - Е, братко, си надробил.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)