накалеми (св.)
Неговите претчувства како да се исполнуваа. Таму, сталинизмот се накалеми врз погодна почва.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
И така, на еден природно мистичен народ, каков што е рускиот, ќе се накалеми мистицизмот врз филозофијата, односно теоријата која ќе се повикува на материјализмот, и која на крајот на краиштата, произлегува директно од позитивизмот.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Ќе му накалемат сѐ што сакаат, ако треба и против своите кози да зборува!
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
А сонот не му ја мисли многу; зошто да си го арчи времето во објаснувања и додворување; му накалемил на валјакот сајли што ќе му го забрзат одењето, му додал некои нови каиши што ќе го раздвижат, горивото го дотерал така што пламен да фрла наместо чад, а потоа го пушти да ме казни заради необмисленоста на наредбата што ја издадов.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Бездруго, кога ѝ го избрале името Ервехе кое, на персиски, значи цвет, надвладеал некој персиски ген, со кој биле дојдени отоманските освојувачи и го накалемиле исламот во својот идентитет и, потоа, низ нивните походи во Азија, на Арабискиот Полуостров, низ Медитеранот, го пренеле и на Балканот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Овде Мајка брзо ги накалеми во градината јорговановите насади, расцутија и цвеќињата, од семињата донесени од другата страна на границата.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Но нивната крајна цел беше со нивните можеби единствени библиотеки во кои се дополнуваа Балканот и Европа, со книги замислени како енциклопедиско надополнување на историското и културно минато, да го спасат Балканот од внесување погрешни идеи, често накалемувани во иднината и народите по завојувачките војни и долговечната превласт на империите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ане уште се чешаше, како да бараше гниди под местата каде што го јаделе вошки додека од селанец станувал граѓанин преку војничките нуларици и запрашувањата на влакнестите места за да се накалеми од дива во питома (о)вошка.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Дали Османлиите, накалемувајќи го исламот на својот новосоздаден идентитет, ќе се надоврзат на старата исламска цивилизација на Мароко и Андалузија, каде што нема да допре Османската Империја, или ќе појдат по друг пат, водени од завојувачките пориви кон создавање и одбрана на најголемата Империја на своето време?
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И рече дека дури и западните, капиталистички форми на уметност, кои вештачки се накалемуваат на нашето дрво на народната уметност, на нашата македонска черешна, се само обичен кич, како што се шлагерите, авангардата, постмодерната или џезот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Затоа и му ги бара коските, за да се накалеми на нив, како на трн глогов.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Беше сигурна дека нејзиното сводништво во врска со неуспешната свршувачка на Рада, Никодин и Светлана ќе ѝ го накалемат нејзе.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)