накај предл.

накај (предл.)

Една летна вечер, кога тих ветерчок им ги мрсеше косите на тополите, зашепотени нешто весело меѓу себе, кога штурците застругаа по жиците од своите тамбури ако некој поминеше преку старото дрвено мовче кај бавчите, можеше да види како накај Аврамовата колиба нечујно се приближува нечија сенка.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Некаде околу полноќ преку мовчето крај тополите помина друга сенка и отаде низ бавчите накај колибата.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Знаеше одеднаш да се затрча накај мене и да ме спобрка меѓу алеите со домати.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Потоа стана и тргна накај стрништето на кое одвреме-навреме летаат јата птици.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Го затворивме црното кутре во нашата визба и се стрчавме накај училиштето.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Сестра ѝ само ја фати за рака и тие продолжија накај офицерски.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Дури и сега јасно се сеќаваше на мирисот на градот – мирис на топли вафли со сладок сируп, кои му се топеа во устата додека низ толпите купувачи се пробиваше накај пристаништето.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ленче си го имаше муабетот со јатрвата оставајќи ги прво децата да се видат, па подоцна се упати накај внучето, додека мажите сите се вдадоа во бурни разговори на политички и економски теми.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Тој го поведе изненадно накај истиот пат откај што дојдоа.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Само со чисти сонови во чиста Европа Макар што Европа се римува со тропа А некои дури велат дека Европа Им личела на старски дом на историјата И во неа имало пржен воздух преку сите мерки А накај НАТО се одело во јато Освен ако некоја гуска не се загуби по пат Кога се сонувало за Европа и НАТО Не се штедело боја за крвната слика на нацијата Колку подобра крвна слика Толку посилна одбранбена способност
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Старецот стоеше таму и држејќи во рацете нешто покриено со конопна крпа не се решаваше да зачекори нанапред, накај завојувачите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Светлокосиот зачудено го изгледа, одмерувајќи го од глава до петици со таков поглед како да сакаше да каже: откај накај си способен ти за таа работа!
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Погледнувајќи назад, тој забележа дека двајцата копачи го гледаат и почувствува дека тие гледаат во неговото колебање и затоа брзо се сврте и зачекори накај кулата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Се приближија, Христина го викна Тодор, кој веднаш стана, а Томаица не можеше да се воздржи да не погледне накај Петар кој веќе гледаше во неа со неговите длабоки и топли очи насмевнувајки се нежно.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Место да мирува како другите новаци, тој сѐ некако се врти, се чеша, ги врзува ремењето на опанците или врвците на чорапите, го крева нарочно отпуштениот кондил и сѐ главата ја криви накај клупата во која седи девојчето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И ми се чинеше дека истото прашање го поставуваат за човекот што стоеше под бандерата сите оние од котлината на смртта од истурените шатори, оние што со наведнат поглед погледнуваа накај столбот, носејќи ги на врвот големите камења по патеката со расфрлени парчиња бодликава жица, тапкајќи по неа со боси стапала, и оние кои папсани ги трпеа ударите со кундаци и челични камшици.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И ние ли, потпрашуваше старата погледнувајќи накај покривот кој прокапуваше на секој подолг дожд.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Гордо се исправи Мече, го крена високо знамето и замавта со него накај новата смена што со громки извици ги испраќаше бригадите.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Пак никој не се свртува накај него.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Мече намина случајно накај собраната бригада откај врбаците, невиден од никого и чу дека меѓу другото се спомна и неговото име.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Повеќе