наликува несв.

наликува (несв.)

Доследно стоиш пред земскиот бог го следиш твојот неприкосновен идол идол кој уништи иљадници животи и сѐ повеќе наликува на ѓавол
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Среќна сум што сум се родила во такво рајско место, и по изгледот и по доблестите на мештаните тоа место навистина наликува на рај.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Откритието ми наликуваше на оние ситни зраци што наеднаш се јавуваат покрај нас во собата користејќи некоја мала цепутка на завесата или на ролетните и тоа со единствена цел да нѐ упатат кон загубената ситница по која со часови трагаме; а замислете си само со колку слободно време располагав секое утро, во миговите на најголемата бистрина на умот, додека чекав во бурекџилницата (топлите симиди мораше да се чекаат ако навистина ги посакувавте топли) а Катерина, реков веќе, потскокнуваше од задоволство кога ќе утврдеше дека се онакви какви што ги посакуваше.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Наликуваше на лице на овца а и во гласот, исто така имаше некаков овчешки квалитет.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Или иднината ќе наликува на сегашноста, па нема да го слуша него: или ќе биде поинаква и неговиот ризик ќе биде бесмислен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во суштина селото наликуваше на птичје гнездо.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Еден од методите на лечење кои ги спроведуваше доктор Гете наликуваше на газење по лудилото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ми стави на знаење дека нема лесно да се ослободам од мисли кои наликуваат на сложувалка, потешка од онаа на сфингата.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Наликуваше на вработен во касапница чијшто работен ден бил исполнет со завидни деловни успеси.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Во тие моменти неговата потајна одбивност спрема Големиот Брат се претвораше во обожување и Големиот Брат изгледаше како да се извишува, непобедлив, бестрашен заштитник, исправен како карпа спроти ордите од Азија, а Голдштајн наспроти неговата изолираност, беспомошност и наспроти сомнежот што висеше и во врска со самото негово постоење, наликуваше на опасен вештер, способен со самата сила на својот глас да ја разори структурата на цивилизацијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Нивниот бакнеж составуваше бујна срцевидна белина која наликуваше на ангел со раширени крилја.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Од предната страна на кафезот беше зацврстено нешто што наликуваше на маска за мечување, со вдлабната страна кон надвор.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Целиот разговор наликуваше на посета на стар и заборавен роднина, полн со непријатни паузи, и прашања, и тоа од оние колку да се врти некој муабет, во најголем дел поврзани со нивните другари од гимназискиот клас.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Беше запакувано во кафеава пластична кутија која што наликуваше на огромно шише.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Идејата на двата лика да направат мал речник на турцизми кои трајно ја запечатиле трагичната судбина на балканските народи, влијаејќи на нивниот менталитет, иако наликува на наивизмот со кој навидум Хермоген и Кратил кај Сократ расправаат за вистинитоста на имињата, станува магистрална филозофска идеја на овој одличен роман.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во паузите меѓу ритмот, гласовите однадвор наликуваа на ѕвецкање прибор и чукнување чаши на тој ист конак на кој, изгледа, некогаш се наоѓав и каде што, заради зачмаеност, секој посилен звук можеше да предизвика необјасниво големо возбудување.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Во тој момент настана разорна експлозија, или барем наликуваше на експлозија, иако не беше сигурен дека се слушна каков било звук.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
1 Следствено на драматскиот идентитет на динамикиве, една перцепција наликува на некоја партикула: актуалните перцепции се опкружуваат со цела небула од виртуални слики кои се дистрибуираат со подвижни кола колку повеќе се оддалечуваат, стануваат сѐ пошироки, се градат и разградуваат.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Звукот, кој наликуваше на болно откорнување на некое тело во совршена симбиоза сраснато со некое друго, го уверуваше дека зад овој предел, макар да е само овде, се крие божјиот допир кој спојува и разединува, кој создава и уништува.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Надоврзувајќи се еден на друг, звуците наликуваат на спирала.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Повеќе