наметливо (прил.)
Кај Кејџ отсекогаш постоела нагласена одбивност кон сето душевно наметливо, кон сите субјективни преломи на стварноста што ја извртуваат нејзината изворност и ја ставаат во функција на нарцизмот и приватната патологија на оној кој го произведува делото и на оној кој го прима.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Му направи впечаток, иако одеше полека и наметливо дека тие воопшто не го забележаа.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Знаев дека го мрази сожалувањето, а тоа можев да го забележам и од фактот дека не реагираше кога јас дури и наметливо ќе ги употребев зборовите што таа последните денови почна да ги одбегнува.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Иако ги користи цитатите многу повеќе од поголемиот дел негови современици, тој тоа го прави помалку наметливо.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Не само заради вујкото, туку и заради присуството на оние многубројни стрпливи љубопитници, иако е премногу наметливо па дури и ми пречи она нивно умешно соживување со присуството на смртта.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Јасно беше дека е ова еден црн човек кој одамна се пројавил како таков и кому сега не му останува ништо друго освен да биде наметливо опасен.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Сепак, уверена сум дека и баба ни е таму некаде во нејзиниот лик. Не толку наметливо како Ласа, ама присутна...
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Затупка со опашката по паркетот како да го повикува неговото внимание и сочно, некако разлакомено, почна да се оближува со јазикот и наметливо да потквичнува.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Авторот го поздрави прилично гласно и наметливо, а за возврат Едо бразничанецот само промламушти нешто „под мустакот“ што требаше да значи отпоздравување.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)