напад (м.)

Во таков случај и Грците и Патријаршијата ќе ни се објават за непријатели на нашата народност и наш свет долг ќе ни биде да ги одбиеме сите грчки напади на нашата народност.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но по повторениот германски напад, известува новинарот, градот Дебар повторно паднал во рацете на Германците и балистите.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Командантот постојано вршеше извидување и разместување на единиците и со напнатост очекуваше наредба за напад.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Децата исто така, умираат од срцеви напади предизвикани од аеросолите и средствата за чистење.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Луѓе со психолошки проблеми можат после тоа да страдаат од сериозни напади на вознемиреност.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Винстон ја мразеше оваа вежба од која добиваше остри болки од петиците до бутините и која често завршуваше предизвикувајќи му нов напад на кашлица.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој понижувачки пораз и незапреното повлекување на италијанската војска на албанска територија што командата во Рим и самиот Мусолини ги доведуваше до лудило, беше прекинат со нападот на Германија врз Грција.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Не можеше да се одбрани од нападот на паника.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Бројни показатели сведочат дека популарната музика во последното десетлетие стана најважен сегмент на популарната култура (на крајот на краиштата, за растечката важност можеме да судиме веќе само од вонредно зголемениот број на најразлични напади врз неа), додека музичката телевизија (во мислите ми е пред сѐ MTV) за помалку од десетлетие стана централен орган на целата популарна култура.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
54. За таа борба меѓу христијани ние ја симнуваме од себе одговорноста на Грците и Патријаршијата, бидејќи ние во тој случај не напаѓаме, ами се браниме од туѓи напади.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Можеше да раскажува со непријатно очигледно задоволство за хеликоптерски напади врз непријателски села, за судење и за признанија на мислопрестапници, за егзекуции во визбите на Министерството на љубовта.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сонцето беше извишено далеку над планините кога Бахтијар-паша ја доби веста за извршениот трет напад од башибозуците и за нивните големи загуби.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
По извршениот напад и жестоките борби градот бил заземен, освен касарната и позициите на артилеријата.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Со молневита брзина се разнесе по сите мариовски села веста за вчерашниот напад и со иста брзина се дадоа наредби за одбрана, та како Чебренскиот така и мостот на Светецот на време беа поседнати од по стотина селани, одделно од постојаната одбрана, сите беа готови да се борат на живот и смрт со напаѓачите.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Гемиџиите сметале дека ослободувањето на Македонија можело да се постигне само со шумни дела, со динамитни напади врз претпријатијата во кои бил вложен западен капитал, какви што биле банките, железниците и друго.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
И двајцата се подготвуваа за напад.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Нападот ќе го извршиме, се разбира, тајно.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
По нападот на Дебар повторно ќе се осврне на оваа потреба: “штотуку се вратив од полската болница.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Дури се договараа, дури издадоа заповед за напад, сонцето веќе искочи и часовниците покажуваа повеќе од осум.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во некои случаи е можно дрогата да индуцира напади на паника, несоница, депресија и бидејќи го зголемува пулсот и крвниот притисок, луѓе кои се осетливи на овие ефекти, сериозно можат да се разболат.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Повеќе