напудрен (прид.)
Во својот јазик несвесно употребувала и некои албански зборови, не можела да го издржи потсмевот на своите напудрени сестри, облечени во долги фустани ала франга, и скршена се вратила во градот крај Езерото, да го дочека крајот на својот живот со новото семејство...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И сега ја гледам како излегува од портата на куќата, со нацрвени усти, теглени веѓи, напудрено лице.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Наутро чиновниците одат на работа во своите комитети, жените ги чуваат децата, а свеските, кои по некое чудо не се отпуштени, со напудрени носеви одат на служба во „АРА“**.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Ако ве убијам, дали вашата напудрена шугава кожа ќе ја избрише таа срамота? Како да ја избришам таа срамота?
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)