наруши св.
нарушител м.

наруши (св.)

Зголемувањето на Бугарија од присоединувањето на Македонија не може да биде допуштено од Србија не само затоа што со тоа ќе се наруши рамнотежата на Балканскиот Полуостров, а најмногу затоа што по неговото извршување Србија ќе се најде помеѓу две посилни од неа држави: Австро-Унгарија и Бугарија таа ќе биде од нив политички и економски задушена и ќе треба да ѝ се потчини или на едната или на другата.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Малку тоа: името Бугарин што ги тераше европејците да се однесуваат со недоверба кон работата на Организацијата, гледајќи во неа желба на Бугарија со револуција да ја наруши рамнотежата на Балканскиот Полуостров, и непостојаноста на бугарската надворешна политика, насочена сега против Русија сега со неа, послужи како причина за да се согласат Русија и Австро-Унгарија заедно, со заемна согласност, да ги решаваат балканските прашања.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Беше тихо и пространо, сонцето грееше а далеку над Огражден се гонеа по прозрачното небо јата бели пувкави облаци. – Кај се губиш, Белич? – го наруши Мече прв молчењето. – Те барам толку време, а тебе никаде те нема.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
По тие политички сообразувања, и да има во Македонија чисто бугарско и само бугарско население, таа не ќе го допушти соединувањето меѓу турски и бугарски Бугари, таа не може да го допушти во своја штета нарушувањето на територијалната целост на Турција.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Можеби имаше мали проблеми во сексот со оглед на нејзината тежина, но тоа не беше причина за нарушување на мирот во куќа.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Првичниот впечаток на тоалетна идила го наруши кркорењето на еден гардист кој што си ги истураше цревата во клозетската шолја.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Големите држави, велат мнозина, само играат дипломатска игра со реформи за да нѐ склонат нас да се откажеме од оружената борба со Турција, од која се нарушува нивниот мир, а кога ќе се одречеме од таа борба тие ќе ослабат да бараат од Турција реформи за Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Таа ја нарушуваше и расцепуваше тешката монотонија напластена над сивите покриви и уште оддалеку ги мамеше погледите на минувачите.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
На тој начин Христов ја пронаоѓа својата еурека, ја реализира својата вродена и природна творечка дарба што на авторот му овозможуваат од секојдневното, обичното, локалното и специфичното да изгради сеопшти уметнички квалитети и симболи а при тоа да не ја наруши или загрози нивната реалност.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И да имало некогаш таква целост, таа може да се наруши од одот на историските околности.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И само едно се плашев кога беше до мене, Ти го галев лицето толку нежно, зошто се плашев да не ја нарушам твојата совршеност.
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
65. Таа нова ера во историјата на Бугарија, таа самостојна политика се започна од присоединувањетој на Бугарија со Источна Румелија и од нарушувањето на Берлинскиот договор од Бугарија врз којшто почиваше и правото на Македонците на автономија со христијанин генерал-губернатор.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Да не се нарушува темпото на дишењето!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Необична врева ја наруши дотогашната тишина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Совршенството на гревот не го нарушувај.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Падавичарот Кољо беше карикатурален лик кој сакаше да остави силен впечаток во јавноста по својата елоквентност и начитаност, но неговата беспрекорно јадна харизма сериозно му го нарушуваше планот за некој посериозен успех.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
7. Берлинскиот договор вистина е закопан, но не од Европа, а од Бугарија, која го изврши соединувањето со Источна Румелија со насилствен преврат – без согласност на државите што го потпишаа Берлинскиот договор, а со нарушувањето на еден параграф се нарушува и целиот договор.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Мачнината ја засилуваше овој силен удар да се наруши хармонијата на универзалното верување, на вечното човеково право на верување во недофатната минливост.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во една таква квечерина неочекувано вообичаената тишина ја наруши звукот од ударот на металното раче на капијата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Слободата на движење од полноќ до сабајле скоро секогаш беше нарушувана од џандари у цивил кои хараа по скотските улици, но никогаш немаа мадиња да навлезат во пограничните скотски села каде наголемо се продаваа сите видови дрога.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Повеќе