нарцис (м.)
Ја преполни куќата со цвеќиња–изобилство полско цвеќе, темјанушки, нарциси во вазните, зумбули, фикуси, филадентрони; кактуси во саксиите, дури палма и лимун чии прв жолт малечок плод го држеше на дланката како да се плашеше дека ќе исчезне.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Пржени компирчиња за вечера, артичоки во сос, ликер од вишни, сочен колач‚ цела шунка... Сѐ на сѐ, вистинско изобилство и уште грст нарциси расфрлани дури и по чаршавот, меѓу шолјите!
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
2. ЧОВЕК АКО САМ НЕ СЕ БЕНДИСА, ЌЕ СЕ УБИЕ ВЕДНАШ - еј, нарциси, самољупци, да се обединиме е редно, задачата многуцветна се наложува и пред нас: сите свои бендисувања да ги здружиме во едно!...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
- Овие три етапи можеме да ги проследиме во развитокот на детективскиот роман: класичниот англиски роман на „логика и дедукција“ е сѐ уште сврзан со протестантската етика, меѓутоа американскиот „тврд (hard-boiled)“ роман имплицира пропаѓање на протестантската етика и пораст на „хетерономната“, кон-другите-насочена индивидуа; повоениот „злосторнички роман“ напишан од перспектива на жртвата или на извршителот ја вмешува субјективната позиција на „патолошкиот Нарцис“, изопштеник за кого темелниот социјален Закон се нивелира на рамниште на незадолжителното „социјално правило” - „Не убивај!“ има подеднаква вредност како и „Не го повишувај гласот во друштво!“ и другите правила на убавото однесување што ги кршиме затоа што „некојпат не може поинаку”; така, Thomas Ripley, ликот од серијата на романи на Patricia Highsmith убива ако е тоа потребно, и по убиството нему навистина му е лошо зашто морал да биде толку груб...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
И нарциси, и лалиња ќе набереме и ќе ставиме во ваза, собата да ни биде убава и празнична.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Боже, што ли се случува со младинава, сигурно Нарцис се превртува во гробот од нив. Сепак признавам, прекрасна девојка.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
22 Мими трчаше пред сите, ја отвори влезната врата откај улицата кон градината и застана зачудена: темјанушки, нарциси, зумбули, лалиња...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
И нарцисите не сум ги расадила, ама убаво ми цветаат...“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Но во тој момент Винстон забележа неколку китки нарцис што растеа во пукнатината на карпата под нив.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Сонот ќе го претворам во бездна од лавиринти во кои ќе го барам само мирисот на белите нарциси.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Не мислеше на тоа како што не мислеше на хризантемите и на нарцисите пред темното око на деветмилиметарскиот валтер.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Постојано ми велеше дека сум убава, а беше невиден нарцис.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Ливадите беа полни со нарциси во пролет.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
На еден празник пеевме тројца - ти, јас и белиот нарцис во тешкиот кристал.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)