натега несв.

натега (несв.)

Натегањето земи-не сакам ќе траеше уште долго, да не го прекинеше повторното ѕвонење на телефонот.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Кога Александар по кратко натегање со својата срамежливост ѝ го побара заемот, Бојана рече дека мора да извади пари од банкомат.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Така без причина се натегавме и каравме околу тоа. Двајцата бевме нервозни по природа и често знаевме да се инаетиме и пречкаме за глупости.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Ајде, не натегај се, тркни до главниот влез. Вратата ќе биде отворена.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Во ВЦ-то се задржа долго, заради стомачните проблеми, а и затоа што му беа досадни собраниските натегања.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Подобро да не се натега повеќе со него, си рече, туку со арно да го мавне од манастиров.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)