натемаго (м.)
Види шо детенце е, натемаго! Кротко како јагне, лакомо како прасе, јаде и се оближуа како маче А види пак шо убаво се учи.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Језекил знаеше само една работа и над неа сега беше седнат натемаго.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Што ми се криви луѓето, а и Јон не ми е крив. Може и тој не сака така, ама нешто го тера, го турка Тој натемаго.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Многу биле лоши, разлавални; татко и мајка ич не ризале, многу ги огорчувале, и зер татко им бил многу лут, така и мајка им, та беа ги колнале многупати, ете зер ѓавол натемаго беше се погодил, чедо, некој лош саат, кога ги колнала мајка им вака: „Синко Сиве и ти ќерко Чуле!
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
— Влезе тој натемаго во ниј, ќе а пустат куќата, — рече Стојо еден ден кога пак се повторија кавгите меѓу Митра и Доста и се обиде некако со притисок да ја замазни кавгата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Се фатија некои и од милосниците на чаушите и сејмените, та ја донесе тој натемаго и црна Стојна Ѓупката, милосницата на Аќифа. И кај ќе се фати — до Проќа Толева.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Го слушаа луѓето, а потоа ги грабнаа стаповите и пак го претепаа. „Ти си ѓаволот! Ти со натемагото!“ му рекоа.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
А Јон, стопанот мој, не гледа кој го турка, Тој натемаго, не гледа дека над голем вис го носи, над провалија.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
По неколку месеци, откако го заборави ќотекот, започна да зборува низ селото, да кажува за ѓаволот, за натемагото.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
— Мори ми кој ми е, браче Јоване. Ме излага тој натемаго, та ете се стори резил во векот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Туѓа вера, наш Ѓавол!
Кај и да си
кај него да си!
Анатемисан Натемаго!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
— Така „вела“, кај шо има некрстена душа иде тој „натемаго“ и носи секакви болести, како за детето, така и за мајката, — велеше Митра кога Доста се пожали оти ѝ смрди опурчакот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Крив ли е некој, сакат ли, лажго ли е натемаго, валкан, никаквик, мурто, или човек што за образот и честа не води многу сметка, за ибн Пајко беа небаре само чеда господови желни за прошка.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
ДЕПА: Што натемаго е! Кога ќе се зазборува!... (Мара турува од ѓумчето ракија во филџаните.)
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)