нацепи (св.)
Илко нацепи дрва за фурната и излезе до кај средсело да види што има што нема, ама една работа го интересуваше најмногу: дали ќе го најде дедот Балета да му понатолче пак да појде до Рожден, белким ќе „м'сне ала" некако да ја заврте господ надесно Рожденката и да се стори себап, да се прожени.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Имавме една магарешка слива за берење. Да не капат сливите по земја, да не ги јаде земјата. Ќе ги нацепам сушеници.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Токо ајде, ти нацепи некое дрво, јас ќе запеча троа месце да поручаме, па да заплескам некоа и друга погача, да го вата црниот петел.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Дедот Петко стана, си киниса за да го најде поп Трајка, Илко се разврте, нацепи дрва, Митра извади брашно и почна да сее во ноќвите.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Затоа него го направиа сега „попче“ — додаде Толето и си излезе под тремот да ѝ нацепи дрва на мајка си.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)