начисто (прил.)
Во својот долг страдалнички живот на Балканот, минувајќи низ круговите на егзилот, покрај чувството на помирувањето со текот на судбината и природниот крај, Татко беше најмногу од сите нас начисто и со невозможноста на враќањето во родната земја.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Те виделе на една фотографија и веќе се готови и крв да дадат ако ти затреба. Начисто се луди по тебе.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Уште од сред куќи кога се јави, се присети оти таа треба да биде, но кога дедот Ристе рече оти „си загубиле некое шилеже" начисто беше оти таа е.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Но и татко ми не беше докрај начисто со комунизмот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
И кога не си одговори, не беше начисто со тоа, дали е тоа – тој, дали сонува или е пијан од некоја волшебна напивка што владетелите ја чуваат скриена во своите подземни ходници.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Начисто заборавив да зборувам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Начисто се смалувам во алиштата, што се вели, полжав се правам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Татко ми во своите глобални размисли за козјото прашање беше начисто оти режимот има повеќе варијанти како да им се стави крај на козите во секоја република на Југославија одделно, во зависност од нејзината развиеност и од менталитетот на луѓето.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
- Космополитизам или не, уште помалку фатализам или не, и Зигмунд Фројд не бил начисто дали еден ден човештвото ќе се ослободи од религијата.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
- Еве ми уште една беља! - си рече, застанат така покрај студениот труп на овцата. Не беше начисто што треба да прави.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Слуша некаков шум во сопчето, но не е начисто што е.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Дождот е благодет. Нека наврне, нека... - зборуваше старецот и изгледаше како веќе да не зборува за луѓето, туку за себе, а и како да беше начисто дека тоа што го зборува не допира до нив.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Допуштам дека тоа е - стравот. Македонскиот поет веќе е начисто со тоа.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Филмов е начисто брутален. Како може некој вака да се однесува со деца?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
— Како другото, велам, не знам и јас што велам, начисто ми е оветвена главата, мозокот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
До вечерта Марко начисто се поболи.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Оттука е и онаа позната претстава дека постои вистински начин да се биде геј.
Наместо начисто да ја отфрлам оваа баснословна идеја, повеќе би сакал да разберам што значи таа.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Не ми се верува дека и сега е така во Македонија Ако има божја правда не би требало да е така Зошто инаку би ми кажувале сите дека Македонија Е европска земја во изградба А самите Македонци едно време далдисани Од братството и единството и затрчани по ударнички значки Самите Македонци значи велеа Дека додека трае обновата и изградбата нема одмор А богами начув дека и во последно време Чекореле преродебенички и надградено Иако не разбирам баш точно што е тоа вели Папата Сепак верувам дека еден ден ќе здивне и тој народ Иако никогаш не си начисто со народите чиишто водачи Немаат поумна работа па катаден повторуваат Дека имаат библиски корени Бетер се од папагалите какаду некои водачи на Македонците На кои јазиците им се одамна отечени од извикување празни пароли Ако продолжат така на некои водачи на Македонците Можеби ќе им паралдисаат и очите Од непрестајно гледање во огледалцето од приказните Коешто вешто ја мамело грдата сопственичка Дека најубава на светот е баш таа Така непредвидено ни скршна муабетот со Папата На македонски теми а јас не му кажав ништо за тоа Ни а ни б не реков иако од порано бев чул во близина Некои доселеници како на глас викаат Македонија на Македонците Викаа нешто и за земјата на земјоделците Од што разбрав дека Македонија е земјоделска земја Викаа нешто и за Солун дека бил нивни Ама едни други доселеници викаа уште понаглас
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Татко, сѐ уште не беше начисто каде целеше Игор Лозински, дури и кога тој продолжи: - Јагулата, пријателе мој, е вистинскиот симбол на жртвувањето.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
А притоа уште не си начисто дали таа сѐ повеќе те интересира или ракописот на делото во нејзините раце.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)