небосклон (м.)
До небо плакати дигнете горе, да блесне, норма - графикон, да екне песна силна ко море, да татни вишен небосклон!
„Мое село“
од Ванчо Николески
(1950)
И ударат по тетиви, Вешто мрдат прсти он, Из уста му думи живи Летајат дор в небосклон.
„Пeсни“
од Рајко Жинзифов
(1863)
Таму и отаде ридиштата како да има пожар над кој гори целиот небосклон.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Небаре сѐ таков сив небосклон се точкаше тука вечно од планиње на планиње.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)