небулозен (прид.)
Се случи тоа утро во Министерството, ако воопшто може да се каже за нешто толку небулозно дека се случило.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Мислам дека ќе бидете збунети а можеби и ќе посакате да ја напуштите намерата да продолжите со потрагата заради онаа небулозна а и загадочна порака Влез во безизлезот што стои на спомнатата врата.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Освен што е вџашувачки неписмен и преполн со коректорски грешки, текстот изобилува со речиси поттикнувачки небулози и дисоцираност, со што се квалификува, меѓу другото, и за забавно четиво (да цитираме пар „антологиски бисери“: „изнедрени од сопствените пазуви“; „судбинска неотуѓивост на право за мирно и макроко-смичко диспанзивна субвенција“; „апогејно-високодострелна нивелација“; „историјата е небеневолетна /веројатно „небеневолентна“, наша заб./ и согласна за слични примати историски отспаки /веројатно „отстапки“, н.з., но небулозноста, сеедно, фура/; „дрво кое со тек на времето прераснува во еднотелесна интегрална шума од бројни коридорни стебла“ итн.).
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)