неволен прид.

неволен (прид.)

На триесет и петгодишна возраст тој штотуку и неволно беше отпишан од Младинската лига, а пред да влезе во Младинската лига, успеал да остане во Шпионите една година преку староста предвидена со статутот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тие велат дека разголувањето е неволен чин.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Источните патријарси биле замолени да номинират делегати од присутните епископи, но тие се согласиле неволно, не ополномуштувајќи ги своите претставници. Се разидувале исто така околу учењето за енергиите.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Разговарав со еден млад пациент, пак од нашата земја, кој со интервенцијата на Гио во разните канали на нервниот систем, односно во центрите за движење на малиот мозок, успеал, според сето она што денес може да го даде неврохирургијата во светот, да му ги смири движењата, неволните, рефлексивни движења на рацете и на главата и го оспособил да може самостојно да се служи со раката, да може да се вклучи во животот со значително помали недостатоци.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Неволно, ги протегна екстремитетите надвор од креветот, ги зеде очилата со диоптер - 3.5, без кои никогаш во разговор не би можел да ја употреби придавката „очигледно”, ги стави на себе панталоните кои ги носеше веќе четврти ден од неделата и не помисли дека треба да се облече поинаку заради некоја ненадејна средба која би можела да му излезе во пресрет на денот.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
По тоа откритие, почна прво неволно, но редовно да вежба.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дишеше длабоко и бурно и така го смири неволниот нагон што неконтролирано, до болка му го стегаше желудникот, но не и чувството на потполна излажаност, не и впечатокот дека заедно со трите транспорти и неговиот живот е заминат во некоја непозната и дефинитивно изгубена насока.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Цветовите изгледаа толку чудно што трговецот неволно запре, ја симна својата шапка во форма на печурка и учтиво праша: – Пресветли, кажете какво е ова растение?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Неколкупати дури, поведен од таа надеж, тој одеше по девојчето до гимназијата, мрштејќи се и неволно кога требаше некого да поздравува, зашто баш во тој момент може таа да загуби нешто, а тој и да не забележи.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Ведане, оди најпрво во бањата и искапи се, - нареди татко ми, потоа ќе ни раскажуваш надолго и нашироко. Неволно го послушав.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Рада неволно го одвои погледот од овој прекрасен простор.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Неволно заклучувам дека тие имаат некаква тајна непозната за смртните што тие внимателно ја кријат од секој смртник.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Методија неволно зеде да си оди. А беше спремен да остане и да си поседи со нас.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
И навистина, ете, пред големиов празник во Чебрен се заврвеа поклоници — болни, неволни — со десетици.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Да“ рече неволно, кисело Пелазгиј, а устата му се собра како да изел цела дланка дренки.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И така, не сакајќи, тој и јас да ви станавме соработници во некој вид на реципрочно омасовување, во кое бевме успешен, иако неволен, тим.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Беше пладнето од концертот на Елса Пијаџо де Тарели во Одеон, се облеков неволно, насетувајќи дека потем ќе ме очекува несоница.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Претседателот на Дисциплинската се изремнави барајќи ја положбата во која ќе си угоди и, божем неволно, рече: „Тишина, ви се молам!
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Кметскиот го снемува. „Малку е слабичок...“ Ке се здебелам, помислува Кочо неволно, и после горко сам си се насмева.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Стаса? - Е, стасав, де! - Па нели ќе дојдеше подоцна, пред вечера? - неволно процеди товарената домаќинка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Повеќе