неврзан прид.

неврзан (прид.)

Некои од младите мажи се обидоа да побегнат уште неврзани и паднаа од јатаганите и пиштолите на сејмените.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Неврзан за месото на зората или за твојата густа крв тргнува кон своето небо.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Во тој период повеќе бев книшки внесен во сложеното палестинско прашање, во драмата на блискоисточната криза, во комплексните меѓусебни односи на арапските земји, во силните влијанија на големите сили, во стратегиската линија на неврзаните земји.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во тоа време девојките во ќошот на другиот кат ја прегрнуваа другарка си Анѓа, се бакнуваа и исплакуваа, радувајќи се за нејзината слобода, засипувајќи ја со разни неврзани прашања.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Знаев дека тоа ти е само една од многуте крпеници на нашите неврзани и изнасилени разговори кои требаше да го спакуваат некако она што го правевме и кое во тој период тебе можеби и ти годеше,“ му рече Деница.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Требаше да се запознаеме со многу видови оружје, кое требаше да им се продава на нашите блиски неврзани земји за скапи пари.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Крајот на биполарната епоха го маргинализираше и значењето на неврзаното движење во кое југословенската дипломатија имаше клучно место, авторитет и влијание.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но ние, надежните амбасадори, последните верници на самоуправна и неврзана Југославија (внатрешно одврзана) моравме да го кажуваме спротивното и да се наоружуваме со нужните дози југословенски идеализам и патриотизам.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Има еден во кој што другарот Тито од страна на Сојузното собрание на СФРЈ е прогласен за доживотен претседател на нашата слободна & неврзана земја.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Во неврзан разговор се ближевме кон универзитетскиот град Дармштат.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сите Анадолци подивеа и почнаа да се дерат, да псујат, да зборуваат неврзани и неразбирливи зборови.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Посебно беше тешко како амбасадор во неврзана земја да се бранат идеали кои во земјата беа згаснати, а неврзаните веруваа сѐ уште, а во некои земји постоеше и култен однос Следеше, како и многупати во историјата, новиот пеколен круг на жртвениот синдром!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Под мрак седеше во празна крчма, со празни луѓе, со празни разговори- матни и неврзани, пролокани до 'рбетот од пламенот на отровот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Го обвинува, повеќе години по распадот на Југославија, за хазардерски геополитички покер меѓу Запад и СССР со социјалистичкиот блок, за мајстор на византискиот болшевизам, за манипулатор со неврзаните во постколонијалната ера, (особено Египет, Индија, Алжир, Индонезија и други, како и Палестина на Арафат и Тунис, земји на моето служење како југословенски амбасадор) кои сакаа да ја обезбедат историската дистанца од западниот колонијализам.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Додека го дегустираа кафето, зборуваа неврзани работи околу патувањето на Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И тој како и многумина други арапски водачи веруваа во неврзана Југославија, повеќе отколку што веруваа нејзините жители во неа, во најкритичните години од нејзиното постоење кога нејзините водачи ја почнува пеколната игра на националистичките делби.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И нашата дипломатија, која постигнуваше големи успеси, на политички и економски план, освен во Движењето на неврзаните, може да одигра посебна улога во тој правец...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Додека Исток се будеше во жестокиот антисоветски и антикомунистички револт, на чие чело застануваа Вацлав Хавел, Лех Валенса во самоуправна, неврзана, демократска Југославија, преовладуваше дефетизмот и конформизмот на некогаш среќни владетели -утописти, кои не можеа да веруваат дека нивниот сон завршува!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И ние, амбасадорите на неврзаните земји (Индија, Индонезија, Египет, Алжир и Југославија), се состанувавме еднаш во неделата, во различна амбасада за да ги разгледуваме актуелните политички и меѓународни прашања од областа на движењето на неврзаните, чија криза стануваше сѐ поочигледна.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Почна да си шепоти сам за себе разни неврзани зборови: Најпосле го праша Крстета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Повеќе