недалечен (прид.)
На недалечните ниви ноќта ги изела трепетливите копја на спечените пченки.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Стрелецот, не стасувајќи повторно да ја наполни пушката, се исправил од зад сипаничава карпа и потрчал кон недалечно дрво за чија гранка со узди бил врзан оседлан белец.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сјајот на недалечниот оган поигрувал на нивните лица.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ќе може и без мене тоа да мине.“ Мирон несигурно стоеше и крвареше однатре заради недалечната навреда во паркот.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Без блиски, без жени. И без ракија - зашто нејзиниот вкус потсетуваше на една недалечна смрт.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
1. Подвизи?... Без одговор на тоа необично прашање, лежеше долг и сонлив во градскиот парк и, израмнет со одамна покосената трева и рамнодушен за летните шумови, го слушаше недалечното сопнување на реката.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
На воденичарската заедница во Кукулино ѝ преостанало или да ја наведне главата пред зулумот или со тврдоглавост да зачекори кон нови страдања: најумниот или најисплашениот од преостанатите мажи се откажал од воденичарскиот занает, најтврдоглавиот го потерале сувариите до најблиската река и го распнале на гнил чарк за наводнување на недалечните ниви, цел еден ден да се врти под надгледување на двојна стража, со секој миг пред неговите очи да се сменуваат матното небо и разбранетата земја.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)