недопишан (прид.)
- Ги зачував недопишаните тетратки, размислуваше Влатко, ќе имам преку цела година листови за концепт, прибелешки, вежбање и за слободни активности.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
КНИГАТА СВЕДОК полици со мали простори за прав од време недопишани наслови допишани желби претопени во печатарска боја на која ми се лепат прстиве и оставаат оттисоци од воздишки а јас немам право на збор јас немам право на одбрана јас немам право на своја страница во книгата јас немам право на своја страна на светот јас немам право на странствување додека се задушувам во прав од букви на овие полици на кои го користам правото да молчам
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)