неколкукратен (прид.)
„Оооооооф!“ – извикна таа умирајќи, без да знае дека неколкукратно си го изговорила името.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Тогаш е невозможно да се најде хотелско легло, или тоа ќе чини многу скапо, неколкукратно поскапо.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
г) Во август 2008, со првата измена на ЗРО (2005), се интервенираше во сферата на казнените, или по ново, прекршочни одредби – со кои, како што веќе подвлековме, прв пат по подолг временски период, казните неколкукратно се зголемија – но, од друга страна, се намалија поведенијата за кои тие се пропишуваа – и тоа од вкупно 31 на 24 прекршочни дејствија!?
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
А, против одлуката за прекршок што ја донел Прекршочниот орган може да се поднесе тужба за поведување управен спор пред специјализираниот Управен суд на РМ (чл. 10, ЗИДЗРО/дек.08). д) Во декември 2008, со втората измена на ЗРО (2005) – којашто, патем речено, скоро во целост се однесуваше на „казнената политика“, покрај тоа што, како што видовме, глобите неколкукратно се зголемија, беа додадени и некои нови појаснувачки и процедурални одредби: • со чл. 266-в е регулирана постапката за порамнување којашто државниот инспектор за труд е должен да му ја предложи на сторителот на прекршокот, и тоа пред да поднесе барање за поведување прекршочна постапка.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)