неколкумина (прил.)
Властите и партијата имаа јасна стратегија: ако на почетокот ги ликвидираат козите на неколкумина интелектуалци, на предни позиции во јавниот и културниот живот, сигурно подоцна ќе биде полесно со простите козари.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Наидоа и неколкумина селани веројатно од околните села, но ниеден не застана на чешмата.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Неколкумина пак биле собрани околу закланото воле.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Членовите на Братството немаат начин за меѓусебно распознавање и невозможно е кој било член да го знае идентитетот на повеќе од неколкумина други.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Улицата остро свртуваше и завршуваше во долги скали што водеа во една потоната уличка, во која неколкумина тезгаџии продаваа овенат зеленчук.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Таткото, заедно со неколкумина други татковци на деца што немаа пари, беше оден кај Шерда чорбаџијата да му земе на заем и тој на сите им даде по лира, а овему само две, зашто знаел дека не ќе може да му ги врати ако му даде повеќе.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Неколкумина ги свртија главите натаму и пак ги исправија, гледајќи во мене.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Мајка му ја закопаа неколкумина селани.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Но дали демократијата е буквално владеење на народот или, пак, тоа означува владеење на неколкумина курнази кои уствари го злоупотребуваат гласот на простиот народ?
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Повеќето од луѓето не му обрнуваа никакво внимание на Винстон: неколкумина се обѕрнаа по него со претпазливо љубопитство.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Чекалната се расчисти и тивна. Останаа неколкумина седнати молкома по клупите.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Неколкумина од оние кои контактирале со курирот решиле да се засолнат по блиските села. Страв лозје чува!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Дури и оние неколкумина што првиот ден немаа, нашле некаде пари и му донесоа на деда Бошка.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Беше еден од неколкумината членови на Семејството чијашто надареност беше видлива.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Тој и неколкумина други како него, беа последните преостанати врски со исчезнатиот свет на капитализмот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
За осудување е и фактот што директорот кој беше и доминантен (наводно со спорни акции) сопственик на компанијата, кога дозна за тужбата насочена против него, практично се обиде да подмити т.е. да се спогоди со неколкумина вработени кои сѐ уште не се беа приклучиле кон тужбата, а имаа намера да го сторат тоа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Некои ја примаа оваа порачка молчешкум, други изгледаа пропаднати од недоумение кај да најдат пари, а неколкумина попладнето на деда Бошка му дојдоа дома да го молат да му рече на арамијата да им се смилува, да не им сака, зашто немаат од каде да најдат.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Да потпораснеш, да се напласти снег повисок од твојот бој, утринум рано со бадник и со торбуле да чукнеш на вратата на дета ти, тетка ти, да ги затечеш покрај огниште, да им бакнеш рака, да те благословат; нешто потоа, како во сон да видиш една огромна смрзната река во која се фрла крстот и по него се фрлаат и неколкумина за да и на овие свои години пак да не можеш да сфатиш дека сето тоа било една обична рекичка, мал јаз, еден поп и еден огромен крст и молитви што се издигаат до небесата...
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Околу нас веднаш се насобраа неколкумина од блиските клупи.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Неколкумина, исполегнати на душеци на подот, се мачеа со уште еден здив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)