немошен (прид.)
2. Долниот свет
Не оти сме слепци
туку од што сме се одвикнале
да гледаме блиску пред себе
невешто се движиме
со стап вперен напред и
пипкаме:
да не би да наидеме на змија, мудро немушта
да не би да најдеме габа, солза радосница
оти со години гледајќи далеку
ни отапеа сетилата
за светот тукашен
па само некоја разорена
и во мислите насетена
ко привидение, стварност
се тетерави без престан
и бдее
од страв да не исчезне
ако се успие!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Единствен доказ за спротивното е немуштиот протест во коските, инстинктивното чувство дека условите во кои се живее денес се неподносливи и дека во некое друго време мора да биле поинакви.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Се кострешат и немушто се молат. Ама нема место за потаму. 132
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Својствата на музиката
му се спротивставува
на календарското време
и начин на живеење;
сѐ подредува на себеси;
од еден и еден прави
еден човек;
не ја злоупотребува искреноста;
ја ублажува сличноста
меѓу несреќата и страста;
ја збогатува крвната слика
на емоциите;
луѓето ги дели по слухот;
процес е кој трае
без оглед на злосторствата
исчезнувањата, паѓањата
во неа емигрираат
немуштиот јазик
и душите
потребни ѝ се помошни средства
луѓе и тишина;
се нуди
во најразлични изведби;
предизвикува природни феномени
затемнување на сонцето
на љубовта, рамноденица
труење со хармонија
музиката е без предрасуди
не озборува, не осудува
избезумува
те заведува, те заведува
и кога си во нејзини раце
те остава сам, со себе.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Толе проведувајќи го времето постојано во природата меѓу животните и птиците, им го знаеше нивниот немушт говор и ги имитираше: кога ќе зарикаше како магаре, сите магариња што ќе го чуеа во селото рикаа; кога ќе замукаше, како крава, сите крави мукаа; кога ќе залаеше како куче, се одѕвиваа кучињата; кога ќе замјаукаше, се одѕвиваа мачките; кога ќе закукаше, му се јавуваше кукавица.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Поначесто се карам со нив. Ми велат оти Св. Петар клучоносецот ми одредил добро место и дека тие се немошни, речиси беспомошни.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Мурџо се вкопа на место, се согласи со мајка Перса, ама за тоа побара одобрение и од очите на мајката Пелагија и дури кога таа немушто, во себе, изговори Да ѝ веруваш, таа ќе нè чува како што нѐ чуваш и ти! и дури тогаш се врати назад и се смести пред влезната врата.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)