немоќ ж.
немоќен прид.

немоќ (ж.)

Во таа немоќ фрлаа наоколу петарди...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Но не можејќи да се ослободи од атавистичкото верување дека власта над народот му е месијански одредена од некоја далечна, мистична сила, која може да биде само божја, Бургиба никогаш нема да се ослободи од неа, дури и кога сенилноста и немоќта видливо ќе ја ограничат моќта да владее.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Почнав да тонам во маглите на некое измешано чувство од страв, несигурност, бессилие, вчудовиденост, немоќ.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Не може човек да се покрие со превезот на самозаборавот зашто никогаш нема да излезе од затворениот круг на немоќта и сомнежите во сопствените сили, зашто под него се венее, сѐ се отуѓува и ретко надоаѓа утехата и надежта.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Тоа е ноторна глупост, а исто така е глупа и европската импотенција и немоќ да се стори нешто конструктивно околу тоа.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Се чувствував виновен поради мојата немоќ да повлијаам преку малата земја која ја претставував, земјата од која потекнував имаше слична судбина на палестинската, во однос на распарченоста во повеќе земји.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сега во прв план беше бунарот и со него можев да ја оправдувам немоќта и растргнатоста во врска со пишувањето.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Очињата им се оѕверија, се затаија во себе како мачки пред да рипнат на жртвата, но истовремено сфаќајќи ја својата немоќ и се оладија.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
За него баналното прашање за забраната на чувањето на козите во првите години на комунизмот се претвори во вистинско искушение, во прва пречка на која се препна и уште тогаш падна комунизмот, во немоќта да експериментира долго време со живиот живот...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Срам од сопствената немоќ и неспособност, срам од немоќта и неспособноста на својот народ.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
- Оттука не те спасува ниту сто и првиот живот на некој си фраер измислен во книгите – процедува дибекот со качкет – Во триаголниците ја собравме твојата немоќ.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
А од нивната касарна, таму најгоре на Чауле, како сведоштво за немоќта на војската да се одбрани од ајдутските напади, и ден-денеска се расфрлаат камења и старовремски ќерамиди.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кругови во водата, кружници низ времето се допираат со погледот на немоќта која царува како цар без царство, како љубов без љубовници.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Мораше да стане, зашто требаше да се погрижи за добитокот, а случката со волкот беше само причина, беше сила што му помага да ја совлада својата физичка слабост и немоќта на неговата волја.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Татко ми тогаш замислено продолжил: – Човекот со мислата за смртта всушност ја изразува својата немоќ.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Немоќта да го изменам овој ужасен свет во кој живеам ме тера стократно повеќе да го сакам ближниот свој - како затвореник, како соучесник, додека заедно ждереме кременадли во некоја мрсна гостилница...
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Ми се гади од математика и нејзината немоќ да ја пресмета веројатноста да се родев на друго место во друго време, да не бев јас јас, да не ми се гадеше.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Времето се лизга низ моите нежни години, а се плашам од минатото, од просторот и времето застанати во еден миг, а секој миг претворен во слика насликана на платното на очајот која секоја вечер ме враќа на местото на злочинот, обоено со агонијата на немоќта.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
На масата пред мене, заради ваквите цртежи исцртувани во часовите на немоќ за јасна мисла и точен збор, се собираа купишта листови и сето тоа подоцна ми создаваше дразба, некој вид иритација, а на целата соба тие чкртаници ѝ даваа изглед на растуреност.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Докажувајќи се еден пред друг во натпреварот со знаење на финти, при тоа се чудеа на реакциите на возрасните, се потсмеваа на нивната немоќ во обидот да излезат на крај, да се справат со поставеноста на системот.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Повеќе