ненаселен (прид.)
Две дебели лимузини, со гумите од едната страна по тротоарот пред сѐ уште ненаселените згради, а од друга страна по калта на идниот тревник – завртеа на десно и мешлесто тетеравејќи се, се изгубија во мракот и го оставија на чкрипавото цимолење на бришачите, сред пустата темнина на облакодерите без станари.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
5. Таква е, гледана однадвор, пуста и ненаселена, наваму од крајот на последната Голема војна, односно наваму од принудната колективизација, и нешто потоа, откако ги зафати луѓето емиграцијата, таа самоникната и безимена потковица среде Бакарно Гумно, која, спуштајќи се благо по голите падини на ридиштата, на запад и на југ, сè до мелиорацијата (пред десетина години ја извршија доброволно младински работни бригади; покрај бесплатна исхрана, работничка облека и плускавици на дланките, младинците имаа и задача да ги шират меѓу себе љубовта и братството) се преточува во ливадско земјиште (сега сушно и неплодно) испресечено со мртвици и блата кои, пак, се вливаа во Црна и во кои заедно со стотици видови барски и преселни птици живееше и лошиот дух на маларијата, а на исток и на север, односно на североисток и на северозапад, сѐ до мариовските планини, односно сѐ до Прилеп и сѐ до крушевските планини, во житница и тутунско поле.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ни вети дека ќе ја посетиме Ванга каде што уште од повоените години, во речиси ненаселениот остров, беше изградена Титовата летна резиденција.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Границите на Евразија се поместуваат напред- назад помеѓу базенот на реката Конго и северниот брег на Медитеранот; островите на Индискиот Океан и во Пацификот постојано се заземаат и презаземаат од Океанија, или од Истазија; во Монголија, линијата на разграничувањето помеѓу Евразија и Истазија никогаш не е стабилна; околу Полот сите три сили полагаат право на огромни простори кои се главно ненаселени и неиспитани; но рамнотежата на силите секогаш останува приближно иста, а територијата што го претставува копнениот центар на секоја од супер-државите никогаш не е загрозена.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Колку долго постои тој? Со милиони години Земјата била ненаселена.“
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
„На ненаселен остров не можеш да се прославиш“ рекол рускиот сатиричар Емил Кротки. Славата е резултат на човековиот резон.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
51 Со напредокот на технологијата, меѓународните режими за полициска контрола над границите сега можат да ги регулираат новите начини на употреба на ненаселени простори, како на пример Антарктикот, океаните, воздушниот простор и вселената.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Летајќи над ненаселени места, јатото не забележило дека еден жерав, преслаб во споредба со другите, полека заостанува.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Зашто тој всушност беше сам во оваа соба, во оваа празна ненаселена куќа, во празниот ненаселен град, на празната ненаселена планета, каде што немаше ни жива душа, само тој беше тука.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)