неостварен прид.

неостварен (прид.)

Слободата овде е неостварен сон измеќари како во колибата на Том удри со камшик по ниските класи работата овде човекот го гнаси Та не сме саде ние, та не сме саде тука да фаќаме стресови и чиреви од мука стани утре порано за ситен минималец вени да ти попуштат за клет работодавец
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Ајкулите спокојно си се гостат со живи остатоци од неостварените мечти.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Дали во него се пренесуваше неговиот неостварен сон да излезе од маѓепсаниот круг на балканскиот егзил или имаше нешто друго, величествено во неговиот страдален живот, преполно со заминувања, со неизвесности.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Постојат знаења кои не се знаења Земјата кружи околу Сонцето (а не обратно!) Спорот одамна е решен но оската сѐ уште е замислена Денот на љубовта е празник на календарот но празникот е работен ден за просјаците (во дланките им спијат неостварени соништа и сеќавања на допири со украдени сладоледи) * Запис со непознато потекло
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Сам, како некој нестварен лик меѓу луѓето и сонцето стои.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Да трепнам и повторно како во нов свет да зачекорам оставајќи ги зад себе, сите неостварени желби, сите црни мисли што тежат, ко преполнета вреќа, од уличен просјак, наведнат ниско до земјата, ко да се поклонува за дарот денешен, што господ му го испратил...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Девојките собрани во некоја од авлиите тие песни ги слушаа со тага, вдишуваа од вечерниот мирис на ѓуловите по бавчите, се кикотеа запирајќи го везењето и се дошепнуваа за момчињата врз кои крадешкум им паднало окото или од чијшто поглед им затреперило срцето тој ден; или пак седеа замислени, зашто најголем број од љубовите на Јалија и на Дорќол4 завршуваа неостварени.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Долго време зборуваше турски со својот ѕвонлив цариградски акцент со својата тогаш среќна мајка, последна утеха по нејзините неостварени илузии.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сите книги како да беа останати со недооткриени значења во функција на неговиот незавршен ракопис за Историјата на Балканот низ падовите на империите, најголемиот предизвик да трагам по неговото време и неостварените илузии.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тоа можеби и беше една од причините, во наследените таткови книги, чие значење го проширував во потрагата по историјата на постоењето во неговиот живот, го имав чувството дека не сум сам, дека сум силно со него, со неговото присуство, со длабокото размислување, со неговата жива присутност, неостварените илузии во големата потрага на патот на спасот на Балканот за своите чеда.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тоа требаше да биде нешто како компензација за нејзината неостварена желба да студира.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Не. Животот е темно чекање. Разочарани надежи. Неостварени мечти... Угасни ја усмевката. Угасни ја... или не...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Оти чувствував длабока аналогија меѓу сексот (сѐ уште неостварен со Луција) и политиката; чувствував дека и во љубовта на Луција има дел од таа политика, од стратегиите. И ја одбив.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Еден постар актер на еден помлад колега сакал да му ја открие својата неостварена желба.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
И што да напишам? Во машината до мене стоеше ставен лист хартија, потсетник на мојата неостварена повест, на кој сега отчукав неколку реда, повторување на зборовите што ги рече денес Вангел: „Сега, Симон, нема што, утре заминуваме.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тие не создаваат никакви одрази на постоечкото, туку создаваат нацрти за сѐ уште неоствареното, „проекцираат алтернативни светови“.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Јас на тоа се зезам, дека ги жалам моите неостварени соништа.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Не мислиш белки и ти да рониш солзи за таква неостварена љубов?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Секое идење пешки се сведува на пуста неостварена желба.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Опусот на Кафка има извршено силно влијание врз прозата на ХХ век со својата специфична, нестварна, ирационална и фантастична, т.н. кафкијанска атмосфера.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Повеќе