непогода (ж.)
Во секој момент е можно климатските услови на мозокот да ги прогласат за природна непогода. Вонредна состојба.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Се тешиме со фактот дека можеби аполитичноста (која е неизбежна социјална последица после вакви енормни порции политика што ги консумиравме последниве години) повторно ќе ги натера луѓето да се бават со својата најнепосредна околина, земајќи го од социјалистичкото минато она најмалку лошото: презирот и игноранцијата спрема политичарите сфатени како некакви хипер-прилагодливи стаорчишта што ријат по житните амбари и повеќе наликуваат на елементарна непогода отколку на „мафијашка структура”.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Да се излезе од границите на креветот само во случај на елементарна непогода (а ако е веќе излегување, нека заврши со невраќање).
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
Но главниот адут на Палигоров, за да ја смири оваа непогода со Донски, остануваше главниот составувач на предлогот, историчарот Сокол Мечевски, инаку близок пријател на Водачот.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Селото тоне во мирен спокој, како брод што се закотвил во пристаниште засолнет од ветришта и непогоди.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
„Успеваш ли?”, запраша таа. „Во рамките на параметрите. Малку чоколадна непогода.”
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Четврто, усвоена е одредбата според која лицата кои не се осигуреници, но кои се здобиле со инвалидност под наведени околности во законот (на пример, ученици и студенти при практична работа или невработени лица при стручно оспособување, преквалификација или доквалификација), или кои зеле учество во одредени активности (елементарни непогоди, обука по покана на органите на одбраната, културно-уметнички манифестации и натпревари и друго) имаат право, преку професионалната рехабилитација, да се оспособат за работа на работи според стручна подготовка стекната со школување пред настанување на инвалидноста (чл. 15).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)