неправичен (прид.)
Божиновски уште еднаш укажува на фактот дека компаниите секогаш гледаат преку некој неправичен начин (пр. присилно потпишување разни изјави) да се оградат од правата кои им сле- дуваат на работниците.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Значи, сега работодавачот може непречено и легално да отпушта вработени како технолошки вишок, и веќе следниот ден на нивно место да вработи други лица, што – најблаго речено – е неправичен и нехуман гест исклучиво во корист на новите капиталисти и неспособните богати „менаџери“, кои од комунистички директори станаа транзициски олигарси!? в) според ЗРО (1993), утврдувањето на бројот и структурата на работниците што се прогласуваат за технолошки вишок требаше да се изврши запазувајќи одредени критериуми – како, на пример: ефикасното функционирање на работата на работодавецот, стручната подготовка и квалификација на работникот, неговото работно искуство, успешноста при работењето, видот и значењето на работното место, работниот стаж, возраста и други критериуми утврдени во колективен договор (чл. 129 од ЗРО).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Често мислам, дека ти си неправична кон Аљоша.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)