несетно прил.

несетно (прил.)

Таго на тивките бои на копнежот Зелените сенки на врбите неосетно подвижни на тихата река на реката што лази на реката успиена се гушнуваат
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Нови бранови загриженост проигруваа неосетно низ брчките на мајчиното чело.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Јас не побегнав, но гледав неосетно, незабележано да се извлечам.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Прекорот беше речиси неусетно упатен кон мајка ми.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Смеј се само доаѓај ко ноќта присутноста твоја да е талас несетно в себе што ме крие.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
При таа мисла тие неусетно ги забрзуваа чекорите ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Се откина од гранката сам, полека и несетено и остана во воздухот да лебдее така.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Колку и да е интересно разгледувањето на овој музеј, полн со разни гробови на француски великани, потоа со сето она што останало од историјата, неусетно ве зафаќа замор кој затапува.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И си помислија старецот и детето на изминатото лето, на драгите ликови со кои деновите им врвеа неосетно.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И вака несетено поминуваше во една друга стварност во која сознанието им отстапуваше место на бладањата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Лежеа секој со свои мисли и свои чувства, со полни гради под кристално чистото небо, милувани од тоа речиси несетно ветре.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ако сте решиле да разгледувате некој павилјон, на патот до него ве сопираат низа други интересности, и, така, додека дојдете до бараната цел, гледате дека денот веќе изминал зашто, како на филмска лента и со филмска брзина, пред вас неусетно се редат - од павилјон до павилјон - мали и големи впечатоци и со нив толку се заситувате па и не ви останува време за да ги средите.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се држевме за малите прсти додека се опивавме од виното од кристалните чаши, последниот за заеднички подарок на нејзините разведени родители, додека ги разурнуваме, анализиравме и повторно, со итра победничка насмевка, ги градевме нашите вродени и здобиени емотивни комплекси додека гледавме како ѕвездата на новиот филм ја шмукува мекоста на остригата, додека ги одморавме телата, а во очите, низ единствениот прозорец на студиото, неосетно ни заспиваше жолтата градска есен.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
И дење и ноќе во молитвите ја споменувам Ѕвезда моја... - молејќи се сета згутавена баба Петра неусетно фати да се ниша - де налево, де надесно.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Кај обете половини, независно едно од друго, но исто толку силно, бликна сознанието дека се наоѓа на богато хранилиште на искуства, под кое нивното поранешно, заедничко искуство неосетно заминуваше во маглите на заборавот.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Во ушите му удира и ѕвони крвта. Неосетно се упатува во некаква интересна, слободна и дрска караница.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Како и оној ден кога бевме кај тетка Рајна ми се чинеше дека таа, Вера, неосетно ми го одзема татко ми, а јас не можам да ја спречам во тоа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Пливајќи се занесов во заборав. Неосетно навлегов многу длабоко.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Сега кога речиси неосетно нашиот поглед Ја губи светлината што шеташе со години По обожаваните предмети (Трепери само уште по предметите Што сонцето ги држи во раката дрско протната низ стаклото на прозорецот)
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Мајката е слаба, височка, сосем неусетно подведена.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Повеќе