несмасен прид.

несмасен (прид.)

Еден толку несмасен човек беше тој мајсторот, а брат ми имаше сличен оторбешен изглед на лицето: таков го виде мојата предсмртна пакост.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
А Оливера сѐ нешто несмасно држи: ѝ се лизга од рацете.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Несмасен и збунет Арсо се движеше без телесна тежина и сиот беше само некаква намера, некакво демнење и страв за нешто.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Беа неверојатно подвижни и смешно несмасни во својата големина, тие две раце, додека си имаа работа со онакви ситници.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Можеби дури ќе успеете и да го заборавите додека се шеткате меѓу несмасните надгробни споменици од осумнаесеттиот век, понекогаш налик на вазни, што можат да се добијат на некоја уметничка лотарија, но почесто личејќи на облаци вкаменета пена од прашок за перење; потоа меѓу надгробните споменици од деветнаесеттиот век, интересни поради мешањето на рускиот класицизам и уште по нешто руско, се чини, духот на апсолутизмот и, најпосле, помеѓу надгробните плочи од последниве децении, неромантични, каков што е обичниот алат.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Работеа во Грција, градеа некаков санаториум крај маслинките на едни стари гробишта, подалеку од градот, ѕидаа повеќе зданија, а оној работеше на сонцето од сите тие денови, ги дигаше како од шега сите оние огромни блокови делкан камен, а неговата црвена коса како да расцутуваше на сонцето на тоа лето, беше постојано среќен и широко насмеан, со сите нив околу себе, со сите ѕидари и со сите деца, секогаш готов да стори нешто за секого од нив со оние огромни пегави и црвено издамчени рачишта да им помогне, а при тоа и да им се насмее со она свое големо лице, на кое постојано зрееше едно огромно задоволство со себеси и со сите други доста поситни од него луѓе, што се грижеа за него и што го слушаа со задоволство како труби неговиот глас меѓу ѕидовите, среќни со неговата момчешки несмасна шега.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Никифор Правдољубивиот ќе забележи дека овој непомирлив противник на схоластиката, еден од најсамосвојните ученици на Музеумот, знаеше со иста непосредност да ги толкува Еуклидовната геометрија, Никомаховата теза за априорната егзистенција на броевите во духот на Творецот, најсуптилните финеси на античкиот јазик или да насмее со импровизираниот мим, често пародирајќи се и себе си како несмасен трговец.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Тоа траеше сѐ дури мечката не се доближи до неговото јарче, онаква распафтана и несмасна, а после и сѐ додека не зеде, пред негови очи, да го расчеречува со своите несмасни шепи неговиот лов и неговата среќа, тука, веднаш пред него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И тоа не беше повеќе оној тежок несмасен ракопис од порано.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Го опфатила и неподвижноста на малото, кусоного, волнесто мече, со сите оние негови несмасни кружења околу стапицата, кое било физички сосема слободно и можело да замине понатаму, каде сака, или барем малку да отстапи од тоа колнато место, малку да се подисплаши од човекот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Најнапред напиша со големи несмасни букви: СЛОБОДАТА Е РОПСТВО.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Брзо се свртеа назад, ги вкопаа погледите во сувиот ѕид налик на несмасен оџак, со по една камара од секоја страна и со главите собрани во рамениците брзо почнаа да се крстат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Остра брада му го покриваше лицето, давајќи му изглед на разбојник, што воопшто не ѝ прилегаше на неговата голема, несмасна конструкција и нервозни движења.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Пред него трговците живо гестикулираа, попот, зацрвенет, истураше навреди и клетви, а тој, од својот скриен агол, мирно ги набљудуваше како смешни, несмасни кукли.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Со носењето, пак, на новиот ЗРО (2005), старата глава која гласеше „Права на работниците и нивната положба“ несмасно беше расфрлана во повеќе нови глави, кои не секогаш беа поставени на вистинското место, 16 а во доменот на положбата на вработените и нивните права се предвидоа повеќе промени, во различни области, кои соодветно ќе ги разработиме.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Како да поверуваш на толкава несмасност?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Познати беа по неколку сплетки и переа пари на кипарски сметки правеа раздор кај луѓето гладни несмасни свињи со рилките гадни
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Се обидов да бидам духовит и знаев дека сум смешен и несмасен: - Не можам својата љубов да ја кријам. Моето срце е човечко само кога е голо.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во корубата беше направена една стрелка на патоказ, а под неа со несмасни букви во поцрвенетото дрво, стоеше: „ПАТ ЗА ИДРИЗОВО“.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше вршење на житото. Тие пак, веројатно од несмасност, во гужвата, се сопнаа, па едниот од коњите, така силно ја клоцна по лице.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Повеќе