неумолив (прид.)
Се колебав. На широчината неколку деца играа челик и ме привлекуваа а Баждар беше неумолив.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Дното е поплочено со ружи Огромна сува река Тече неумоливо како раѓање.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
Сѐ до оној ден, веднаш спроти почетокот на Војната, кога Језекил судбината му завиде и на тоа, што му го имаше делено толку скржаво, и посегна со својата неумолива рака и тоа да му го земе.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Вистина е дека историјата ги избира своите херои, но таа и немилосрдно ги отфрлува, во неизвесните меандри на минливоста, на неумоливата фаталност на владеењето. ***
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Се молеше Бојана и се заколнуваше со тешки мајчини солзи, неумолива во својата преголема болка за толку рано однесениот маж и непоколеблива во своето решение да го запази синот, својата радост, својот нов живот, да го запази од сите патила што ги носи печалбарскиот живот.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Козјото време течеше со својата неумолива логика, посилно од идеологијата што сакаа тие по секоја цена да ја наметнат...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Пред неумоливата, татковинска вистина, која инаку, е општо позната, макар што тоа сѐ уште никој не го знае, бидејќи сѐ уште не се прочуло, Енценсбергер потполно занеме; делува како залутан молекул на една непријателска територија, која Србите секој момент ќе ја освојат.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Ги менуваше белите свилени кошули секој ден, а откако во него се всели неумоливата гушителка – туберкулозата, по три на ден.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Но, природно, кога еднаш ќе го разбереме тој двоен императив (толку оптоварен со спротивности), кога еднаш ќе се придвижи неумоливата критика на политиките, на сите политики коишто, во далечното или непосредно минато, ги создале претпоставките за војна (одлуката која можела да се донесе нужно била само страотно стратешко обложување чијшто влог - еднаш кога трагедијата се ублажила, со тоа дека никогаш ништо нема да ги надокнади мртвите кои ѝ беа цена - е можноста да се сочува помнењето, извлекување поуки и подобро разбирање на тој двоен императив).
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Во мојот живот, како да ја наследив татковата и семејна судбина на егзилските парадокси, кои секогаш на животот му даваа сосема подруга смисла и го поставуваат во некакво неразбирливо и апсурдно наттрчување со неумоливата историја.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Природно ме следеше неумоливата судбина на парадоксите, наследена од моето егзилско семејство.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Се обидував во височината во која пловев со авионот низ осветлените врвици на ѕвездите, да го издвојам најзначајното во мојата медитеранска мисија, кое што ќе заземе постојано место во моите Амбасади и покрај силните и неумоливи бранови на заборавот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во оваа величествена поема на Вињи, вистинска химна на борбата за живот и неумоливата смрт, Бургиба како да сакаше да ја покаже својата трагична величина.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Единствена промена, за која не знаеше однапред каква ќе биде, и единствен знак на живот во таа изумреност наоколу беа само оние неумоливи и во секоја идна ноќ сѐ поостри и побезбедно гладни и силни писоци на дивината.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Пред мене избезумените воини, попови, професори, студенти клечат пред неумоливата рака на оганот.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
(Според Пруст, кој толку добро ја разбрал оваа амбивалентност и кој толку живописно ја прикажал во првиот дел од Накај Сван, борбата на детето за контрола врз мајчината љубов неумоливо ја воспоставува сцената за наредните, слично предосудени возрасни обиди да се поседува субјективитетот на другите предмети на љубовта.)
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А уште веднаш, штом го изврза последниот јазел за дебелиот пар над своето лице, клепките му се спуштија со ужасна неумоливост.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Пол е неавтентичен и стерилен, неумолив лажго и фантазер, со заблуди за грандиозност.
Животот би си го дал за неприкосновената возбуда да помине една недела во стариот хотел Волдорф-Асторија во Њујорк, длабоко самопотврдно искуство што му дава „чувство дека искористил колку што можел, дека го проживеал животот за кој бил скроен“ (135).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Умира и се менува со нов, ни тој не може да му одолее на летниот валцер... ен два три...ја загнездил мама во себе и танцуваат, танцуваат...ен два три...ен два три...како е можно да не те повлече таа неумолива, таа безгрижна вртелешка...ен два три... нашето страдање е и радост и ново раѓање...ен два три...смеата нека е смела и брза – повеќе да дава помалку да чува...ен два три... зборовите сакати се, мислите немоќни се губат – кога сме плен на тонот снен...ен два три...ен два три...моите бледолики родители меѓу исончаните мускули на танцувачите меѓу црвените жици на решетките...ен два три...ен два три...
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Аргировите зборови ѝ ја раскинаа нејзината коприна, ја разголија и ја открија онаква каква што и беше таа за мајсторите: тешка, неумолива.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)