неупотребуван (прид.)
Посебно задоволство ми претставуваше да ги претресувам фиоките од креденецот и во нив да изнаоѓам веќе одамна неупотребувани разни предмети.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Всушност, тој имаше два неупотребувани што ги чуваше.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Еден од оние денови кога бевме под власт на тетка Ана, наминуваа до кај нас чичо и Борче, го зедоа нашиот автомобил што неупотребуван стоеше пред зградата, зашто чичо постојано нема што да вози: сите автомобили ги купува настаро и сѐ нешто ги поправа и преправа, а постојано оди пеш.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Овде велат дека нема стари и неупотребувани делови.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)