нецелосен (прид.)
Колку и да се сакаше, по отворањето на земјата и десталинизацијата, козјото прашање, нецелосната и неуспешна колективизација, да се потиснат на втор план, особено по раскинот помеѓу Тито и Сталин, со исклучувањето на Југославија од источниот лагер, со свртувањето кон Запад, во земјата позачестено доаѓаа новинари за да видат што се случувало зад „железната завеса”.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
XLIX Без претходно да се договорат за тоа, Татко и Камилски продолжија да избираат зборови во функција на прикажување на тоталитетот на историскиот процес на Балканот, свесни дека тоа можело малку да го сторат пристрасните историографии, парцијалните и недостапни архиви, нецелосните институции, силата на заборавот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Сиџилот беше нецелосен. Фрагментот во кој се криела тајната на семејството.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Но, истовремено сметаме дека и работничките права се важен сегмент од корпусот на човекови права, сегмент без кој целината е нецелосна.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Промени* квартални циклусни целосни или нецелосни очекувани и неочекувани * одење во крајности * бескрајно тоа е сѐ што очекуваме од животот од професијата од климата***
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
Претседателот на советот, односно судијата поединец, со поставување на прашања и на друг целесообразен начин се грижи во текот на расправата да се изнесат сите решителни факти, да се дополнат нецелосните наводи на странките за важни факти, да се означат или дополнат доказните средства што се однесуваат на наводите на странките и воопшто да се дадат сите разјаснувања потребни за да се утврди фактичката состојба важна за одлуката.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Запрев над сиџилот врз кој имаше најмногу пепел и исто толку солзи. Лавиринт од пепел и од солзи. Сиџилот беше нецелосен.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Откако излегов од циркусот, сфатив дека светот на Луција, на Партијата, на училиштето, на семејството, на нацијата, на државата е обичен провинциски неуреден двор; светот без циркусот изгледаше беден, смешен, нецелосен; произведуваше дробни грижи со кои ги плашеше бедните мушички заробени во неговата мрежа; тие мушички мислеа дека светот достига до оградите на тој мал двор, а не гледаа дека зад него има уште, и уште, и уште; во циркусот, по само неколку волшебни часови престој, сфатив дека светот е огромен.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Кога податоците на вештаците за нивниот наод не се сложуваат суштествено, или ако наодот на еден или на повеќе вештаци е нејасен, нецелосен или во противречност самиот со себеси или со испитаните околности, а тие недостатоци не можат да се отстранат со повторно сослушување на вештаците, судот може да определи супер вештачење... (чл. 246, ст.2sq од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Незадоволен во целост од пресудата, оштетениот Јакшиќ, во април 2010, поднесе жалба до Апелациониот суд Скопје поради суштествени повреди на одредбите на постапката, нецелосно утврдена фактичка состојба и погрешна примена на материјалното право – во којашто, меѓу другото, наведе дека: Недозволиво е суд да размислува со логиката на пазарни субјекти кои направиле пропусти во вршењето на нивната дејност и кои, за да заштедат и да остварат што е можно поголем профит, го изложуваат на ризик здравјето и животот на своите работници [кои, патем 200 речено, работат „на црно“].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Камилски не го разбра Татко докрај, а тој се чувствуваше недоизразен, нецелосен.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во темната просторија пробиваше по некое зраче светлина од пукнатините околу прозорците, меѓу нецелосно склопените завеси.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
И тоа беше сѐ што се знаеше, оти второто ливче од претсмртните сочиненија на отец Мида беше нецелосно, а последната реченица незавршена.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Е едепсаз - неранимајко, бесрамник ексик - нецелосен, недоволен, остаток, недостиг, уште тој недостига
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Нецелосно утврдена фактичка состојба постои кога на тоа укажуваат фактите или доказите кои странката без успех ги предложила во текот на постапката (чл. 344, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во октомври 2003, второстепениот суд со свое Решение ја уважи жалбата од тужителите, пресудата ја укина и предметот го врати на повторно одлучување, поради нецелосно утврдена фактичка состојба (error facti).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)