нишани (несв.)
Така легнат, со пушката до мене (секогаш носев пушка, Турците мене не ме гибаа) и зедов да нишанам, онака, од бес, неодредено.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Но таму тој не би се чувствувал толку безбеден и не би можел спокојно и сигурно да нишани во нив.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Пушките ги испуштиле и се фатиле в гуша. Јас клекнувам и нишанам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Сеќаваше, нишанејќи, како е исполнет до врвот со една таква наостреност, исто како самиот тој да беше она зрно во неговата цевка, што требаше секој миг да полета натаму.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Мислеше: да ја фатам планината, па да видиме кој кому ќе плати, стар сум, а и окото веќе не ми нишани; да побегнам некаде – нема каде, а и ако побегнам, тој ќе ми плати со крвта на некое од децата; да седне да чека да биде што ќе биде – ни тоа не му се сакаше.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Или не знаат да нишанат, или нишаните не им чинат, велат. И на оние отаде и на овие одаде.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ќе истера така еден ред делкање, па ќе клекне, ќе го замижи едното око, а со другото ќе нишани: дали под конец поминала секирата, дали право ја воделе рацете. Како што треба.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Момчето почна да бега. - Мамката шумкарска, рече војникот потоа и ја крена пушката за да го нишани момчето.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- А сега, татко, да те видиме и тебе како нишаниш...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Му велеше: Еден мој другар загина на фронтот само затоа што беше левучар: не можеше на лева страна да нишани со пушката...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Ова е јазиче или чкрапец. Кога ќе го повлечеш, тогаш иглата удира по капсулот од фишекот и, ако добро нишаниш, ѓавол ќе го земе тој во кого нишаниш.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
А беше сигурен дека исто така како него пред да се засолне зад чамот се чувствуваше и неговиот побратим кога го нишанеше на најблиското растојание и кога не го погоди.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
9. КОЈ МНОГУ ВРАПЧИЊА НИШАНИ, НИЕДНО НЕ ЌЕ СТРЕЛНЕ - и за врапчињата пркнување, и за ловџијата спокој, во милосрдниот ресторан ќе го пофалат тој келнер гостите што ги служи со "МНОГУ ВРАПЧИЊА НА ОКО"...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Препарираниот орел ме нишанеше со остриот клун а стаклените очи ме гледаа како да сум најситно врапче на светов.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Тие се гаѓаат, а бомбите им паѓаат над градот, велат. Едно нишанат, велат, а друго погаѓаат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ако нишаниш во главата или срцето и убиеш некого, неговото семејство може да те тужи дури и ако тој ти провалил во станот.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Лажливо нишанејќи со темниот поглед, изрони низ носот: - Значи, ти си тој!
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Како што на секоја стрела целта ѝ е однапред зададена според записот од предците, па она во што се нишани речиси нема никаква врска со Погодокот, така и новите песни на Поповски вежбаат тишина опасно приближивајќи му се, де на зборот, де само на вокалот каде што зборот влегува како в дом на врисоци и болки!
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
На тоа Танас ни малку не се лути. Намигнува со едното око, а другото го врти кон височината на раката и со прстите продолжува да нишани во носот на учителот.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
- Да нишаневме на сонцето, вели Јон, можевме и него да го погодиме.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)