носилка ж.

носилка (ж.)

Завиткани во крвави, валкани завои, одмораат од истоштувачките деноноќни борби и од долгото ноќно патување растресени на коњските грбови и носилките.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во чистиот дел на салата болните ги облекуваа во сосема нови пижами, ги ставаа на носилки и што е можно побрзо со санитарни коли ги префрлуваа во одделенијата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Пред отворената врата од собата постојано ми се пресенуваат носилки со нови раненици.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас и се плашев и се чував и ете ме на носилка...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ние - таа ја допре жената до неа - заедно ја носиме на носилка...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Итните случаи ги носеа на носилки како повредени фудбалери.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Под густата сенка на боровата шума ги спуштија носилките...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
На носилки и товарени на коњи. Носат ранети.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во сивкавиот полумрак близу до неа поминува носилката со ранетиот без раце и покрај него уште еден маж, со очи вковани в земја. Тешко се движи на патерици.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Па тоа беше токму тој, ваков спружен врз нивната носилка и безволен за секакво движење, останат на средпат и таму капнат сѐ додека не дошле овие четворица луѓе, што не сакале да го остават таму, на неговата бука; го нашле таму и сега го однесуваа со овие свои тивки, претпазливи чекори, молчеливи и заздишани.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тропаат канти и болнички носилки.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Знаеше дека и тие двајца напред го носат својот крај од носилката нарамо, мислеше дека би можел да им ги види само нивните капи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ранетите веќе се товарени на коњи и носилки, а жените распоредени по четири на секоја носилка и по една на коњ.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
По тесната патека се влева цела врвулица – коњи, мазги, носилки.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Лесата носилка на водата рамнодушно го носеше кон селото.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Раководителот, со вграден рефлектор на челото како рударски инженер, киклопски ја најде соодветната преграда и од картотеката го извлече кофчегот, всушност носилката на Брза помош.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Уплав го фати кога пред него помина долгата колона со ранети носени на носилки, а зад нив се влечат лесно ранетите со окрвавени завои на главите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Легнат на носилка, две жени, во одминати години, цела ноќ го носат прудолу...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Мајка, со последни сили, се префрли во носилката. Се најдов во болничката кола.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
По првата преврска, тешко ранетите пак на камион, а другите пеш или на носилки стигнуваа до границата....
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Повеќе