ноџе (ср.)
Се плашев дека пластичниот стол ќе се распрсне или дека ногалките ќе се раскрачат како ноџињата на онаа срната во цртаниот филм, кога со зајчето лизгаат на лед.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Насади ги под прав агол, без агломер, со добра волја и, ако ги негуваш по правилата на геометријата, секогаш ќе можеш да им го пресметаш периметарот за да бидеш внатре во него, зашто го знаеш дијаметарот на рачињата што гушкаат и ноџињата што цупкаат околу тебе.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Стоев нерешително над животното што преташе со тенките ноџиња и ја меткаше главата.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Дури кога братучетка ми со едното ноџе само по чорапче скокна надвор и замавна со раката мачката троа се подисплаши и тромаво се симна по скалите.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Слабите ноџиња ѝ се склопчија како ноџенца на мало пајаче, а рацете ги држеше пред лицето, обидувајќи се да си го покрие.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Те тера да се возите по ескалатори, а ти веќе визуелизираш: невино го пружа ноџето нанапред, испотената рака се лизга, и тој паѓа во слоу моушн додека целиот трговски занемува.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Како да го заборавам неговото мало муцунче, неговата мека кадифена козина, ишарана со два реда бели дамки, неговите витки ноџиња со жолти копитца на врвот? Како да го заборавам?
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Кога ќе заспијат навечер, таа ќе изброи по четири ноџиња во секој, а на крај своите две отечени и двете на најмалото во креветот во кујна, вкупно 16, и ќе воздивне од радост, па ќе се прекрсти и ќе му се заблагодари на Бога!
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Колку што кривите ноџиња му се куси толку во рамењата е широк.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
До слабото голо ноџе на Ане, во една влажна дамка лежеше парчето сирење, веќе извалкано со земја.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Се поткачивме на скалите од влезот во зградата на болницата, и така можевме убаво да видиме што се случува во централниот дел од паркот: таму десетина луѓе јаваа огромна риба направена од перници зашиени една за друга, и извикуваа: „Летаме! Летамееее!“, таму една старица држеше стаклено чевличе и прашуваше: „А каде е принцот, да провери дека ова чевличе му прилега како излеано на моето ноџе?“, таму во занес една старица и еден старец со огромни пеперуткини криља потцупнуваа де на едната, де на другата нога.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
- Да ми падне в раце, - рече Шишман, - ќе му ги расечам тие ноџиња криви негови.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Тој ја пикна раката во торбата и навистина извади едно маче, кое сега веќе енергично запрета со ноџињата и успеа да му се закачи со ноктињата за ракавот.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Оваа амалска активност никад не би ти сметала, ако у лифтот не ти се сопатници: Пакистанецот што копа на кари и ти диши у врат, малиот Кинез со уште помали ноџиња, бабичката што го носи на мочање мастифот што е голем ко липицанер...
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
КРТОТ: Патор, патор ноџиња, пасла баба козици, на два рида високи, на два дола широки…
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
- Игуменот ја издолжи раката кон тепсијата, позеде едно ноџе од прасето вцрвенето како рак. - Повелете, повелете... - ги нудеше полковниците.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)