нуди несв.

нуди (несв.)

Дали оставивте да поверува дека е добредојден нудејќи му место до себе на трпезата?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Тука се нудат такви стоки та тешко можеш да се решиш што да купиш.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Концентрираниот видокруг пред нашето ширум отворено око можеби нуди можност за едно ново осознавање.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
И покрај големиот број на дроги кои творците низ историјата ги користеа за поттикнување на креативноста, сметам дека психоделичните дроги имаат посебно значење за творештвото, првенствено затоа што, во една фаза на своето делување, нудат најсодржински и непознати искуства, кои надарените личности можат потоа да ги транспонираат во уметничка форма, без оглед на цената што ја плаќаат, а таа неретко може да биде висока, што ќе го видиме од подоцнежните излагања.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Своите накити ги нудеа без довикување а муштериите ги пречекуваа молкум, се однесуваа така како да им е сеедно дали ќе продадат нешто од својата стока.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Вие продолжувате да гледате во отворениот простор барајќи облик облик нудејќи.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Залутав одамна љубопитна во овој грд пејсаж од железо цреп и бетон но сепак останав жива Сега сум малечка полјанка на туѓите убави надежи за кои го крадам неверна ветерот од реката Безброј патувања им нудам на очите и стапалките што паѓаат уморени на моите сиромашни откоси Но спомени имам и јас па свенувам штом ќе ми шепнат дека сум била шарено крило на убавината Шарено крило на младоста во коренот на плитките води што растат со жолтиот спомен во купишта од сено
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Веројатно овие атмосферски околности беа причината мудриот научен свет да се определи за свежината што ја нудеше мирната вода на Езерото место да се упати кон салата без разладни уреди.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Забележуваме дека тукуречи секоја куќа нуди соби за одмор.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Свет што толку широкоградо и отворено им го нуди на сите вљубеници во убавите четива, особено на поезијата, на стихот.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Потоа паднал нудејќи ѝ ја крвта на смрзнатата земја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ставот за јазикот изведен од когнитивната наука како и херменеутичките филозофи нуди алтернатива на традиционалниот дуализам ум- тело, за создавање на психотераписки приоди кон овие проблеми.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
За него, текстурата веројатно укажувала на состојбата на топлина која е латентна во материјалот и која чека да биде ослободена со вајарскиот процес, па според тоа на животот му се нуди на располагање.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ми се нудеше посредно неговата согласност за враќањето.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Подоцна го дознавме тоа и дознавме колку многу нуди светот, колку ги полни очите блесокот на градовите, а колку малку можевме да земеме и да понесеме.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Го отвори барот во кој автоматски се палеше светлото што треба да го привлече вниманието, почна да ги нуди гостите со сите можни пијалаци.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Во акчилниците пак нудат многубројни јадења, кои пред самиот муштерија се готват и се сервираат.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- Се начека - слушнавме и тројцата, но тоа не беше обраќање што бара прошка или нуди објаснување туку во него како да беше натрупано еден посебен вид самосожалување; обраќањето навистина потсетуваше на џгура од надеж што пред да прегори можеби и била добар јаглен.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Најбогат беше асортиманот на рибите и морскиот свет. Од сето она што се нудеше овде, не можев да забележам само месо од китови веројатно и од ајкули.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Дали изнесовте од визбата од она вино што само на победниците им го нудите?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Повеќе