обете бр.

обете (бр.)

Носи две маски, обете машки, едната насмеана, другата тажна. Ја задржува на себе тажната. Насмеаната ја фрла преку кесето со јаболките.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
По Востанието бројот на незадоволните од обете пропаганди ќе се израмни со зголемувањето на незадоволните од бугарската пропаганда.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Фимка оди пред себе, во пазувите со обете раце го стега букленцето. чиниш на градите носи доенче.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Една од последиците беше оживеаната пеколна граница помеѓу Албанија и Македонија, одамна всадена во срцата на разделеното семејство од обете страни на границата, која како чудовиште се извиши од водите на Охридското Езеро и ги запираше луѓето со децении да ја минуваат.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Високите трски како ѕидови го затвораа од обете страни хоризонтот, само над нив високо и некаде длабоко напред се гледаше тесна лента сино прозрачно летно небо.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
А и на обете страни од границата беше загрозен патот на јагулите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Масата на судиите и поротниците е на десетина метри висок подиум и е оградена од обете страни со растенија месојади во големи саксии од фајанс.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ако среде чепкање во носот ги полази некоја зелена или златокрила мува веднаш ќе се обидат да ја плеснат по газ со обете раце како да го упатуваат својот единечен аплауз баш кога не му е време.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Змејко скокна од својата постела уште во првиот миг штом се почувствува буден и по стара навика помина со обете дланки по рамената.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Штицата беше од обете страни потпрена на два камена и кога поминуваа преку неа, таа се виткаше и се нишаше толку, што се чинеше дека ќе се скрши под тежината.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
„Ноќва преку океанот во обете насоки летаат бомбардери по задача, и тие никогаш не ќе го видат копното.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Изгледа ја боли од моето стегање па ја врти главата кон мене, и обете се гледаме молежливо.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И тој како ѕидар учествуваше во развојот на овој предел, одејќи во чекор со најновите усовршувања и иновации во трговијата, употребувајќи најнови и различни материјали, менувајќи ги стиловите на куќите, што ги градеше, од стари конвенционални модели до најнови типови на ранчови, и подредените викендички кои сега се протегаа во бескрајни редици на обете страни од сообраќајната артерија.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Молчеше и го допираше лицето со обете раце.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Кога ќе ти го прочитам заклучокот на мојата дисертација, можеби сѐ ќе ти биде јасно! одговори мигум Камилски и продолжи: Замисли, мој пријателе, пред угледните професори, без оглед дали се од десничарско или левичарско убедување, а во комисијата на одбраната и од обете, можев слободно во заклучокот да го изнесам своето убедување: Педагогијата претставува грандиозна епоха во историјата на педагошката наука и нејзината примена ќе може да се остварува по Октомвриската револуција......
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Носителите на тие колца-наречја некогаш се викале „Словени”, а после ту Бугари ту Срби, додека конкуренцијата на овие две имиња не ги направи обете туѓи за Македонските Словени и тие не фатија да се именуваат со старото географско име на својата татковина.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Откако повеќе не ја мачеа Татковите илузии на заминувањето, а враќањето во времето го беа исклучиле обајцата, зашто во родната земја настапија тешки времиња за обете нивни семејства.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Горачинов ги крева веѓите и ги отскрива големите очи: во обете му игра по едно мало човече што личи на мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Воздивнав и со обете раце затропав удирајќи одвреме-навреме и со тапиот врв на чевелот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Не му гледаат на исто обете.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе