обичај м.
обичаен прид.

обичај (м.)

Се мешаа националности, вери и обичаи, луѓето живееја во доверба, разбирање, заеднички полесно им се спротивставуваа на ударите на судбината во овие неизвесни времиња.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Нема да стигне според арапскиот обичај на победниците на камила.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Пошироко гледано, луѓето на екстази имаат обичај многу да дрдорат и можат со саати да ви зборуваат колку бескрајно ве сакаат.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Само согледувањето на тие своеобразни црти во карактерот, наравите, обичаите, животот, преданијата и јазикот на нашиот народ е важна причина да сме ние против делењето на нашата татковина и за нејзината автономија, зашто дележот ќе ни искорени сѐ што ни е мило и ќе ни наврзе многу противно нешто на нашиот народен дух.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Зборот „проматари“ не ми се допаѓа, но се правам дека не го слушам зашто масите го имаат тој грд обичај за високото општество и посебно за луѓето што се на власт да се изразуваат погрдно.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
еден параглајдерист си има стар обичај одозгора да им ги слуша мислите, а не рикањата на магарињата.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Имаше обичај да соопштува со тивка гордост, меѓу две повлекувања од лулето, дека во последните четири години не изостанал од Општинскиот центар ниту една вечер.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ова семејство беше речиси истрошено од непредвидливите селидби, од судбината секогаш да се свикнува со нови дотогаш непознати луѓе со нови обичаи, со оставени блиски, куќи, ниви.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Краткоденицата е иницијација во надземните обичаи во паганските култови на огнот и водата во либидото и авантурата.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Несомнено е дека нашата стара словенска вера е вградена во новата, заедно со паганските култови, со обичаите и боговите кои добиле нови имиња.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Муслиманите се јавувале не само како чувари на христијанските обичаи, туку и на христјанските богомоли.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Едно пролетно утро, искачени на Калето, по обичај, погледите првин ни се упатија кон плоштадот и сега се судрија со една необично подвижна белина што наполно го исполнуваше просторот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Со постепеното одделување на македонските интереси од бугарските, со земањето на македонското прашање во свои раце и најпосле, и најмногу со сегашново востание Организацијата како резултат го постигна тоа што не го претпоставуваше: наместо слобода да бараат, сега во Македонија мнозина се убедени дека ни треба полно пресечување на врските со сите балкански народности и култивирање на сѐ што е во Македонија оригинално и свое: јазикот, обичаите, историјата, писменоста, народната литература итн.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
По еден час и Бошко Манев, кога дотрчаниот Танас му кажа, исто така знаеше што го чека зашто арнаутскиот обичај на сите им беше познат: кога некој ќе ти плати за сѐ што кај тебе јал и пил – тоа значеше дека има право да ти одмазди како што сака за она што мисли дека си му го сторил.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Оти и така седам без работа, - имаше обичај да рече со израз на човек осуден цел живот да се чувствува должен за доброто што му го сториле.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Таков беше обичајот, сѐ додека не се даде зборот трпезата да остане празна.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ја заврши непријатната работа со пилата и пролеа неколку солзи како по обичај.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Зашто не сакаше да се замери, но и со волја ја работеше работата:како што го слушаше кљакањето на секирите во шумата така му се чинеше оти е во брезничка планина, со свои луѓе, по дрва, како што имаа обичај групно да одат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
После извршените обичаи влегуваат во салонот.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Имаше обичај да ги поднаместува очилата на носот, што беше необично обезоружувачки - на некој недефиниран начин необично цивилизирано.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Повеќе